fbpx

Почина Матео Месина Денаро, озлогласениот шеф на Коза Ностра

За 61-годишниот Денаро се сметаше дека е шеф на озлогласената група Коза Ностра. Тој помина 30 години во бегство пред да биде приведен во јануари годинава

-

Почина италијанскиот мафијашки шеф Матео Месина Денаро, кој беше еден од најбараните луѓе во земјата сè до неговото апсење на почетокот од годинава, пренесуваат светските новински агенции.

За 61-годишниот Денаро се сметаше дека е шеф на озлогласената група Коза Ностра. Тој беше во бегства 30 години пред во јануари годинава да биде приведен, пишува Би-би-си.

Во моментот на апсењето се лекуваше од рак, а минатиот месец бил префрлен од затвор во болница.

Според локални италијански медиуми, Денаро во петокот паднал во неповратна кома во болницата во централниот италијански град Аквила, откако побарал да не му се дава „агресивен медицински третман“.

Неговата смрт ја потврди градоначалникот на италијанскиот град Аквила, Пјерлуиџи Бионди, кој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека тоа е „епилог од постоењето без каење или жалење, болно поглавје во поновата историја што не можеме да го избришеме“.

Денаро со години беше симбол на неспособноста на државата да стигне до повисоките ешалони на синдикатите за организиран криминал. Тој се сметаше за одговорен за бројни убиства.

Во 2002 година беше осуден во отсуство на доживотна казна затвор за низа злосторства, вклучувајќи го и убиството на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Иако беше бегалец од 1993 година, се сметаше дека Месина Денаро сè уште им издавал наредби на своите подредени од различни тајни локации.

Беше последниот од тројцата долгогодишни мафијашки бегалци од највисоко ниво, кои со децении успешно избегнуваа да бидат фатени, додека стотици италијански полицајци во текот на изминатите години имале за задача да го следат.

Повеќе од сто припадници на вооружените сили беа вклучени во неговото апсење во јануари, што се случи во приватна клиника во главниот град на Сицилија, Палермо, каде што Денаро примал хемотерапија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...