fbpx

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери

Учесниците истражувале повеќе теми: јавните набавки, административната транспарентност, отчетност и дигитален идентитет во административните процеси

-

Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада.

Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку Фондот на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) при Европската банка за обнова и развој.

Учесниците биле избрани во соработка со Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и поминале специјализирана обука за теми од клучно значење за зајакнување на административните капацитети во борбата против корупцијата во јавниот сектор преку законодавни инструменти и процедури за транспарентност.

Учесниците истражувале повеќе теми: јавните набавки, административната транспарентност, отчетноста и дигиталниот идентитет во административните процеси.

За време на обуката, покрај експертските предавања, учесниците се сретнале со претставници на италијански институции како што се Министерството за јавна администрација и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, Канцеларијата на Јавното обвинителство при Судот на ревизори, Управата за антикорупција и Финансиската полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...