fbpx

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетиката

Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, досега биле игнорирани извештаите за криминалот во институции како ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола

-

На денешната средба меѓу Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески беше договорено да се предадат сите ревизорски извештаи кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика, како и да се отпочне процес на постојана редовна ревизија на сите институции.

„Несериозен е односот кон ревизорските извештаи коишто со години забележувале и информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот“, изјави Божиновска.

Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Биро за метрологија, Државен инспекторат за техничка инспекција, Агенција за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Национален оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенција за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности во изминатите четири години, како и за известување за финансиската состојба во која се наоѓаат институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...