fbpx

Конференција: Бегалците одат кон ЕУ, никој не сака да остане во Македонија

-

Земјите од Европската Унија треба да покажат поголема хуманост и флексибилност во врска со прашањата поврзани со бегалската криза. Ова е ставот на дел од учесниците на денешната конференција одржана во Тетово, со наслов „Бегалската криза и нејзините хуманитарни и политички импликации во Балканот“.

– Сите мигранти сакаат да одат кон земјите од Европската Унија, никој не сака да остане во Македонија. Ние мора да им обезбедиме услови за престој тука, но тие сакаат да излезат од нашата земја. Затоа, европските земји треба да покажат поголема хуманост кон овие лица – изјави Сузана Салиу, директорка на Центарот за управување со кризи.

И полскиот амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски, изјави дека Европа треба да покаже поголемо разбирање за оваа криза.

– Она што е мое видување е дека Македонија многу се ангажираше за справување со кризата. Очекувам поголемо разбирање од европските институции за оваа криза. Засега, Македонија добро си ја заврши работата – изјави Мултановски.

На конференцијата беше истакнато дека со затворањето на македонските граници за бегалците, зголемен е бројот на илегални премини. Моментално во двата бегалски кампа во државата има околу 500 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.