fbpx

Коцијанчич: Нема услови за избори, нешто треба да се преземе, ние ќе помогнеме

-

Ги повикуваме политичките лидери во земјата и релевантните власти да преземат одлучни чекори за решавање на сегашната состојба, со целосно почитување на Договорот од Пржино, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање како Брисел и европските фондови ќе продолжат да соработуваат со македонските власти за бегалската криза, ако новата влада не биде признаена од меѓународната заедница.

– Сосема е јасно дека нешто треба да се преземе. Веруваме дека тоа треба да се стори. Ние сме подготвени да помогнеме, но, пред сè, одговорноста е кај политичките лидери на земјата – рече Коцијанчич.

На потпрашање, ако во земјата се одржат избори, што е легално, но политички неприфатливо за ЕУ, дали тоа значи дека ЕУ се залага за одложување на датумот на изборите за одреден период по кој сите партии ќе учествуваат, Коцијанчич одговори дека со Договорот од Пржино требало да се обезбедат услови за веродостојни избори.

– Целта на Договорот од Пржино беше да осигура веродостојни избори. Дел од Договорот беше дека ќе се преземат одредени чекори пред да се одржат изборите. Тоа не се случи. Во моментов, каква што е ситуацијата, не гледаме дека има услови за веродостојни избори – рече портпаролката.

Коцијачич, сепак, одбегна директно да одговори дали со последните случувања, Договорот од Пржино е мртов. Таа потсети на минатонеделната изјава на Брисел, во која се наведува дека пролонгираната политичка криза ја оддалечува Македонија од нејзините евроатлантски аспирации.

– Комисијата забележа дека неколку партии до крајниот рок не ги поднеле своите кандидатски листи до Државната изборна комисија, поради што не гледаме дека се создадени минимални услови за веродостојни избори на 5 јуни 2016 година, кои би биле признаени од меѓународната заедница – соопшти портпаролката на ЕК и додаде дека повеќепати ја истакнувале потребата од прочистување на избирачкиот список, обезбедување на балансирано медиумско известување и од истрага за заплашувањето гласачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...