fbpx

Државата се задолжи двојно повеќе од планираното

-

Државата денеска, наместо 5,1 милиони евра, се задолжи со 9,95 милиони евра кај домашните кредитори.

На аукцијата на хартии од вредност се продаваа три месечни записи со и без девизна клаузула и записи кои доспеваат за 12 месеци, при што од кредиторите беа земени 9,95 милиони евра.

Државата првично побара заем од 5,1 милиони евра од домашните кредитори за да се раздолжи утре, кога врз основа на доспеани долгови треба да ја врати истата сума пари.

Во првите три месеци од годинава јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, што е 45 проценти од домашниот бруто-производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жирафата Флопи угинала од тумор на црниот дроб, соопшти Зоолошката градина

Oфицијалните резултати од обдукцискиот наод за угинувањето на жирафата Флопи, покажал дека тој угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти скопската...