Јункер: Прашањето за името мора итно да се реши, препораката не значи датум за преговори

-

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во своето обраќање во грчкиот Парламент ја нагласи итноста од решавањето на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

– Господине претседателе, пред вашиот Парламент ќе кажам нешто што го кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви дадам некоја насока, ниту идеи ниту пак правци во однос на прашањето што треба во секој случај да го решите меѓу вас. Но, дозволете ми да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, со оглед на комплицираниот регион. Ги имам на ум зборовите на Черчил: овде историјата што се произведува не може да се консумира, толку е голема – рече Јункер.

Претседателот на ЕК, во обраќањето пред пратениците, во присуство на грчкиот претседател, меѓу другото, говореше и за земјите од регионот и нивната европска иднина. Рече дека Грција е столб на стабилноста во регионот, а на Западен Балкан му е потребна европската перспектива, за да не се повторат, како што рече, драмите што ги доживеавме во деведесетите години.

Претседателот на ЕК истакна дека препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ, не значи и доделување датум.

– Сите оние проблеми, посебно конфликти на границите што би можеле да создадат и билатерални судири, ќе треба во секој случај да се решат пред било какво пристапување. За да бидам целосно јасен, сакам да кажам дека, кога Европската комисија предложи, а тоа беше пред една седмица, почеток на преговорите за пристап за Албанија, но и за ПЈРМ, ова не значи дека сме дале датум за да почнат овие преговори за проширување и интеграција. Воопшто не е даден таков датум за интеграција. Не треба да се потпираме на нереални најави, не е можно да се случува тоа – рече Јункер, додавајќи дека сите земји кандидати ќе се оценат објективно, врз база на нивните вредности и критериуми.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...