fbpx

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

-

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за органот кој ја раководи институцијата, предвидени со посебна Одлука на Влада.

Податоците што денеска ги објави министерот за економија Крешник Бектеши се за потрошувачката на електрична енергија во септември 2022 година кај министерствата, со сите подрачни единици, Владата, судовите, Собранието, како и Кабинетот на претседателот на државата, вклучително и ЕЛЕМ и МЕПСО.

Извор: Министерство за економија

Најмногу енергија се потрудило да штеди Министерството за животна средина и просторно планирање, каде намалената потрошувачка на струја е дури 75 отсто во споредба со септември 2021 година. Наспроти ова, Министерството за локална самоуправа имала сметка поголема за дури 79 отсто во септември 2022 година во споредба со истиот месец од минатата година.

Задолжението за штедење енергија од барем 15 отсто во текот на септември 2022 година не го исполнило ниту Министерството за одбрана, кое заштедило само 6 отсто во септември годинава во однос на лани, Министерството за надворешни работи заштедило само 8 отсто, Министерството за здравство 9 отсто, МЕПСО и Министерството за внатрешни работи 10 отсто, Министерството за образование и наука 11 отсто, а кај Министерството за правда заштедата е 12 отсто.

„Сакам да апелирам до сите дека состојбата во енергетскиот сектор не само во Македонија, туку и во цела Европа не е шега. Секој степен помалку е заштеда од околу 5 отсто на енергенсите. Грејната сезона започна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме и начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики, може да направи голема разлика во управувањето со енергетската криза“, изјави министерот Бектеши.

Сепак, на новинарско прашање дали и какви санкции ќе има за оние институции коишто не го исполниле задолжението за заштеда на енергија од 15 отсто, министерот Бектеши појасни дека информацијата за заштедата вчера била доставена до Владата, а поради тоа што не бил присутен премиерот и министерот за финансии, не било разговарано во делот на одговорноста.

Министерот Бектеши рече дека самата Влада во септември 2022 во споредба со септември 2021 година заштедила 27 отсто кај потрошувачката. Големи заштеди на енергија кај министерствата има и кај Министерството за транспорт и врски од 43 отсто, но и кај ЕЛЕМ од 41 отсто. Собранието на РСМ заштедило за 29 отсто во септември во споредба со септември 2021 година, додека судовите заштедиле 35 отсто во септември 2022 во однос на септември 2022 година, а кај Кабинетот на Претседателот на РСМ заштедата е 17 отсто во споредба со септември 2021 година.

Доколку се анализира потрошувачката на енергија само на административните згради на министерствата, на претседателот на државата, на Собранието на РСМ, Владата на РСМ, ЕСМ, МЕПСО, заштедата на струја изнесува 25 отсто. Но и кај овие административни зданија, прагот на заштеда од 15 отсто не е постигнат кај Министерството за животна средина (-13 отсто), кај Министерството за здравство (-2 отсто), кај Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана (-8 отсто), кај Министерството за правда (-12 отсто), а кај Министерството за локална самоуправа сметката се зголемени за дури 81 отсто.

Извор: Министерство за економија

Анализата на потрошувачката на електрична енергија за септември 2022 година покажува дека заштедата кај претпријатијата во државна сопственост изнесува 8 отсто, а опфатени се вкупно 17 државни компании. Од овие претпријатија, девет субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во месец септември 2022, пет субјекти оствариле заштеди од помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија за 10, односно над 144 отсто, и тоа кај Јавното претпријатие Водостопанство на Македонија.

Извор: Министерство за економија

Бектеши додаде дека анализата покажала оти општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември 2022 година. Сепак, во септември 2022 година 25 општини не постигнале заштеда од 15 отсто. Најмногу отстапуваат Општина Арачиново, Општина Гостивар и Општина Свети Николе, напомена министерот Бектеши.

„Овие податоци покаќуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадеме максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог, може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза“, изјави Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...