четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: мерки за штедење | 23 резултати

Некои тераат шеги, други не ги почитуваат мерките за штедење енергија во услови на криза

октомври 21, 2022

Перење алишта и садови на евтина струја, исклучување на компјутерот ако не работите на него, ладилникот да не се вклучува на најниска температура, а топла вода во бојлерот да се грее колку што е потребна и на евтина струја. Ова се само дел од 29-те препораки за штедење на струја за домаќинствата, коишто ги објави […]

Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

октомври 20, 2022

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади. Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ […]

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

октомври 19, 2022

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за […]

Шпанија забранува клима уредите на јавни места да бидат вклучени под 27 Целзиусови степени

август 4, 2022

Додека Европа се бори со жешкото лето и вртоглаво растечките цени на енергијата, Шпанија стана последната земја чија влада им порача на граѓаните да го намалат користењето на клима уредите. Со уредбата која треба да стапи на сила следната недела, се налага клима уредите на јавните места да бидат поставени на или над 27 Целзиусови […]

Во Карпош се гаси струја по 1 часот на полноќ, општината штеди поради високите сметки

април 27, 2022

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе десетина дена се жалат на темните улици и јавни површини во населбите поради исклучувањето на јавното осветлување. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска потврди дека спроведува мерки за штедење, поради високите сметки за електрична енергија. И покрај тоа што веќе улиците низ Карпош се во темница, Јакимовски вели […]

Британската премиерка Меј под притисок за ублажување на мерките за штедење

јули 2, 2017

Водечки британски министри вршат притисок на премиерката Тереза Меј да ги ублажи мерките за штедење и да ги укине органичувањата за платите на вработените во државните служби, пишуваат британските медиуми. Весникот „Обсервер“ денеска пишува дека министерот за здравство, Џереми Хант, лобира да се укине ограничувањето за зголемување на платата од еден отсто за вработените во […]

Грција парализирана од генерален штрајк

мај 17, 2017

Грција денеска е парализирана од работнички штрајкови против новите мерки договорени меѓу владата и меѓународните кредитори. По повикот на трите најголеми работнички синдикати ГСЕЕ, АДЕДИ и ПАМЕ, грчката јавна администрација заедно со дел од приватниот сектор денеска ги блокира улиците на Атина за да го изрази своето незадоволство од продолжувањето на строгата политика на штедење на грчката […]

Напредок во преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори

април 7, 2017

Грција и европските министри за финансии успеаја да постигнат напредок во разговорите за реформите што треба да ги спроведе грчката влада заради исплаќање на следната рата од грчкиот кредит. Според информациите во Грција, со постигнатиот напредок и со прелиминарен договор е договорено во Атина да се вратат претставниците на европските кредитори пред Велигден за да се довршат […]

Европските кредитори бараат и грчката опозиција да ги поддржи идните мерки

март 22, 2017

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, бара гаранции и од грчката опозиција дека ќе се поддржат и ќе се спроведат договорените мерки за 2019 година. Оваа одлука на Шојбле предизвика нова сопка во разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. Грчката влада под притисок на кредиторите прифати да се гласаат и да се спроведат нови мерки […]

Грчките земјоделци размислуваат и за блокади на граничниот премин кон Македонија

јануари 25, 2017

Нова блокада од грчките земјоделци на преминот Евзони-Богородица кон Македонија е сè поизвесна како што се интензивираат земјоделските протести во Грција. Кон штрајкот и блокадите на земјоделците се очекува од утре да се приклучат уште повеќе нивни колеги од северниот дел на земјата. Според информациите од грчката информативна агенција АПЕ, земјоделците размислуваат да се блокира повремено […]

Ципрас дециден дека нема да има нови мерки за штедење

јануари 25, 2017

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, испрати остра порака до кредиторите дека Грција нема да спроведе ниту една дополнителна мерка од тие што се веќе договорени. Точно две години откако СИРИЗА е на власт во државата, Ципрас во интервју за „Весник на новинарите“ порачува дека нема да дозволи нови притисоци од кредиторите и стави крај на гласините за […]

Ципрас им фрли ракавица на кредиторите и на опозицијата со гласањето за новогодишен бонус

декември 15, 2016

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отвори нова мини „војна“ со странските кредитори и со грчката опозиција, ставајќи го неговиот предлог за „новогодишно пакетче“ за пензионерите и за островите на гласање во парламентот. Гласањето ќе биде со прозивка по име и презиме на секој пратеник за и народот отворено да види дали опозицијата ги поддржува мерките со кои 1,6 […]

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

октомври 7, 2016

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира […]

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

јуни 27, 2016

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. „Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема […]

Ципрас: До 2017 година Грција ќе се врати на светските берзи

мај 15, 2016

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист дека грчката економија се враќа во живот по шест години меморандуми и штедење. Во интервју за весникот „Риал њуз“, Ципрас вели дека Грција за две години ќе го напушти и меморандумот за штедење. – Ако до 24 мај успееме во тоа кон кое целиме, ќе се вратиме на берзите […]

Грчкиот парламент ги изгласа мерките од 5,4 милијарди евра

мај 9, 2016

Со 153 гласа „за“, помина новиот пакет мерки за пензиски и за даночни реформи во Грција. За мерките гласаа пратениците на СИРИЗА и на Независни Грци, а против беа 143 пратеници од опозицијата. Од гласањето отсуствуваа четворица пратеници, меѓу кои и поранешната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, и лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата. Мерките беа изгласани […]

Грците бараат владата да престане да го осиромашува народот

мај 8, 2016

Грците денеска излегоа на протест во знак на револт од новите мерки за штедење со кои дополнително ќе се намалат пензиите и ќе се зголемат даноците. На улиците излегоа пензионери, млади, државни службеници, новинари, илјадници луѓе кои се разочарани од политиката на владата на СИРИЗА. Протестите доаѓаат како кулминација на 48-часовниот штрајк кој од петокот го прогласија […]

Протести во Грција против новите зголемувања на даноците и намалувања на пензиите

мај 8, 2016

Грците денеска излегуваат на протести против новите мерки кои вечерва ќе се гласаат во грчкото собрание. По дводневниот штрајк кој почна во петокот во сите државни институции, денеска работничките синдикати повикуваат на масовни протести во центарот на Атина и во Солун. На улица излегуваат државните службеници, професорите, докторите и медицинскиот персонал, вработените во јавниот превоз. […]

Грција во дипломатска офанзива пред состанокот со еврогрупата

мај 3, 2016

Грција е во трка со времето да добие што поголема европска поддршка пред состанокот на еврогрупата на 9 мај. Грчката влада има шест дена за да се обиде да ја засили својата преговарачка позиција и да добие повеќе гласови и европски држави на своја страна и така да успее да избегне наметнување нов пакет мерки од страна […]

Страна 1 од 1