fbpx

ЕСМ: Граѓаните да пријават ако имаат ладни радијатори наутро

-

Парно греење е обезбедено до објектите кои се поврзани на мрежата за снабдување, но граѓаните кои наутро немаат топли радијатори треба да проверат со управителот на објектот и да пријават дефект, порачуваат од ЕСМ Снабдување во изјава за Мета.мк.

„Грењето функционира наутро за сите кои се приклучени, а во зависност од температурата која се мери во попладневнте часови се одредува дали ќе биде повторно вклучено во текот на денот. Сепак има граѓани кои се можеби збунети од промената на компанијата која се случи пред само неколку дена и не пријавуваат кога немаат греење. А, тоа треба да го прават заедно со управителот на објектот кој е должен да внимава дали во зградте има некој дефект“, велат од ЕСМ.

Од компанијата, која управувањето со снабдувањето со топлинска енергија за Скопје го презеде од БЕГ пред самиот почеток на грејната сезона, велат и дека наскоро ќе распишат тендер за да се овозможи електронска наплата на сметки. Останува отворена и можноста во иднина да се овозможи и склучување на договори на дигитален начин.

„Треба да се има предвид дека ние како компанија постоиме само неколку дена и треба да направиме сè ново бидејќи ништо од ресурсите на БЕГ не презедовме. Прво што се ангажираме да овозможиме е да обезбедиме систем за дигитална наплата на сметките. Опцијата да може да се доставуваат потпишаните договори на имејл или на друг електронски начин останува да се разгледа во иднина“, изјавија од ЕСМ.

Новите договори за парно греење ќе бидат достапни на Интернет, пополнети ќе се доставуваат лично

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download lava firmware
Premium WordPress Themes Download
online free course