петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: сметки за струја | 14 резултати

Бесими најави дека ДДВ-то на струјата од утре ќе се зголеми од 10 на 18 отсто

30 јуни 2023

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска потврди оти владата нема намера да ја задржи постојната даночна стапка на ДДВ од 10 отсто на сметките за потрошена струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова значи дека од утре ДДВ-то ќе порасне од 10 на 18 отсто. Бесими вели дека порастот на стапката на ДДВ нема да […]

Пречистителните станици чистат фекалии, ама лани ги „набилдаа“ и сметките за струја на општините

6 март 2023

Помалку од половина македонските општини имаат изградено пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ), а постоечките минатата година се соочија со огромни тешкотии во работењето поради набавката на електрична енергија на слободниот пазар. Јавните комунални претпријатија едвај успеаја да се справат со месечните сметки за струја, а владата дури кон крајот на годината одлучи нив да […]

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

19 октомври 2022

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за […]

Не е вистина дека за струја се плаќа двапати за ,,преклопени датуми” на сметките

1 октомври 2022

Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека  реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец […]

Во Карпош се гаси струја по 1 часот на полноќ, општината штеди поради високите сметки

27 април 2022

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе десетина дена се жалат на темните улици и јавни површини во населбите поради исклучувањето на јавното осветлување. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска потврди дека спроведува мерки за штедење, поради високите сметки за електрична енергија. И покрај тоа што веќе улиците низ Карпош се во темница, Јакимовски вели […]

Изгласани законските измени за намалување на ДДВ за струја, од 18 на 5 отсто

16 јули 2021

По речиси две неделна неизвесност, парламентарното мозинство вчера попладне ги усвои измените во Законот за додадена вредност. Со нив, ДДВ за струјата, од 18, се намалува на 5 отсто, со што сметките на граѓаните нема да бидат зголемени, и покрај покачувањето на цената на струјата од 1 јули, за 12,3 отсто. Намалената стапка ќе важи […]

Намалувањето на данокот за струја на 5 отсто заглави во Собранието, сметките за јули ќе се плаќаат по старо

13 јули 2021

Сѐ додека Собранието не ги донесе законските измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија, од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто, која е сега на сила, потврди денеска на прес конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими, како одговор на новинарско прашање. […]

Струјата не поскапува, Регулаторна им одобри на компаниите зголемување од само шест денари

30 јуни 2021

Досегашните износи на сметките за струја на домаќинствата ќе останат речиси исти. Од побараното зголемување за 50 денари на сметка од 1.000 денари, од страна на сите енергетски компании што ги регулира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, регулаторите одобриле само 6 денари покачување. Врз непроменетата цена на струјата најмногу има влијание одлуката […]

Од РКЕ смируваат дека евентуалното поскапување на струјата ќе биде минимално

28 мај 2021

Идните сметки за струја што ќе ги плаќаат граѓаните можно е да бидат поголеми за околу 50 денари, на износ од 1.000 денари, ако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги прифати барањата на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција за нагорна корекција на цените за пренос, организирање и управување на пазарот и за дистрибуција […]

Регулаторна комисија предлага проширување на категоријата ранливи потрошувачи што ќе добиваат енергетски субвенции

19 декември 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави до Министерството за економија предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи. Станува збор за иницијатива на Регулаторна, која предлогот го подготвила во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција […]

Страна 1 од 1