Еврокомесарот за проширување и за доборосетска политика, Јоханес Хан, утринава со средба со претставниците на граѓанскиот сектор ја почна посетата на Македонија.

Хан, по средбата со претставниците на невладините организации, ќе се сретне со премиерот Емил Димитриев, во седиштето на Владата.

Средбите со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе се одржат во ЕУ-Инфоцентарот.

Еврокомесарот Хан со лидерите на двете најголеми македонски партии, Зоран Заев и Никола Груевски, ќе разговара во партиските седишта на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе даде изјава во Делегацијата на Европската Унија.