четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: разговори | 108 резултати

Османи: Главна тема сега не се идентитетските прашања, туку патоказот

мај 30, 2021

Португалскиот предлог е креативно решение кое ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, бугарската и на земјите-членки, бидејќи очигледно и земјите-членки имаат став во однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес зашто тоа што ќе се постави како модел со нас утре ќе направи преседан и за други земји-кандидати и земји во […]

Вујошевиќ: Уметноста мора да влијае и бутка во акција, а пандемијата не е изговор за пасивност на театарот

септември 15, 2020

„Разговори за театарот во време на пандемија“ е еден обид да се сублимираат сите состојби на умот и душата на уметникот и професорот во едно кризно време, вели Слаѓана Вујошевиќ, актерката која во текот на пандемијата успеа да реализира преку 30 разговори со своите колеги актери, режисери и професори и заедно со нив да дискутира […]

Заев: Тоа беше груевизам до доцна во ноќта, со барање амнестија за сите

септември 11, 2019

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за јавното обвинителство, која траеше до раните утрински часови и заврши без договор. – Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите […]

Се објавуваат нови „бомби“, Заев не ги слушнал ДУИ бара одговорност од институциите

мај 30, 2019

Профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со име „Ел Чека“, веќе неколку дена споделува некои прислушувани материјали или т.н. „бомби“, кои датираат од периодот од 2008 до 2015 година, период во кој тајната полиција нелегално прислушувала илјадници граѓани, а подоцна дел од тие разговори беа објавени од поранешниот опозициски лидер Зоран Заев. Во овие разговори се […]

Разговорите за иднината на СЈО меѓу власта и опозицијата почнуваат денеска

март 18, 2019

Разговорите за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат денеска, со средба на работните групи на власта и опозицијата, кои беа формирани токму за оваа цел во согласност со договореното на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Иако ќе седнат на иста маса за да разговараат за предлог законот за јавно […]

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

јануари 8, 2019

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол […]

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

јануари 4, 2019

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. […]

Османи – Могерини: Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите

јуни 7, 2018

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на дводневната посета работна посета на Брисел, остварија средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини. На средбата, Османи ја информирал Могерини за новиот реформски план „18“, […]

Димтров, Коѕиас и Нимиц в среда ќе се сретнат во Виена

април 23, 2018

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, заедно со посредникот Метју Нимиц, на 25 април (среда попладне) во Виена, информираат од МНР. Минатата недела, Коѕиас во интервју за грчкото радио „24/7“, во однос на разговорите и точките за кои се преговара, рече дека идентитетот е […]

Во СЈО преслушале над 500.000 разговори – 193.000 биле приватни!

март 16, 2018

Класификацијата на разговорите што веќе е направена од СЈО за 85 отсто од разговорите што ги поседуваат, покажува на масовноста на кршењето на човековите права во земјава. Овој податок може да се најде во последниот шести по ред Извештај за работата на СЈО, пишува Теофил Блажевски во „Вистиномер.мк“. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) последните шест месеци – […]

Процесот „Жан Моне“ одложен за мај поради организациски причини

март 9, 2018

Процесот „Жан Моне“, инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан е одложен за мај, потврдиле за МИА од канцеларијата на Вајгл. Средбите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание и претставници на Европскиот парламент и функционери на ЕУ требаше треба да се одржат од 15 до 17 март во Охрид […]

Талибанците повикуваат на директни разговори со САД за Авганистан

февруари 27, 2018

Талибанците повикаа на директни преговори со Соединетите Американски Држави за пронаоѓање на мирно решение за судирите во Авганистан, што претставува пресврт во политиката по неколкумесечните крвави напади, јавуваат светските агенции. Бројот на цивилни жртви се зголеми во последните неколку месеци, по низата крвопролевања што ги предизвикаа талибанците и милитантите на Исламска држава при нападите на […]

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

февруари 20, 2018

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел имале телефонски разговор, во кој една од темите било и прашањето за името, соопштиле од кабинетот на Ципрас, пренесува Македонската информативна агенција (МИА). Инаку, телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа еден ден пред официјалната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, во рамките на […]

Средба на коалициските партнери од „За подобра Македонија“

февруари 4, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со коалициските партнери од „За подобра Македонија“. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка состојба, „случаите на политичките притисоци и реваншизам, како и размена на мислења околу актуелните теми врзани со предизвиците на надворешната политика, спорот за името и евроатланските интеграции.“ На […]

Нимиц се сретна со Иванов и Заев, на ред се Димитров, Ахмети и Мицкоски

февруари 1, 2018

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев. Потоа е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Попладне Нимиц ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во […]

Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

јануари 31, 2018

Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери, изјави посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје, пренесува државната новинска агенција МИА. Тој претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. Средбите на Нимиц со македонскиот државно-политички врв се […]

Нимиц по средбата со Коѕиас: Чекањето нема смисла, време е за носење одлуки

јануари 30, 2018

Постои моментум, време е за носење одлуки, порача медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пренесува Mакедонската информативна агенција МИА. Нимиц средбата ја оцени како конструктивна и рече дека со шефот на грчката дипломатија разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги […]

Нимиц денеска на средби во Атина, ОН сметаат на можно решение на проблемот со името

јануари 30, 2018

Обединетите нации (ОН) сметаат дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствaта и народите на двете земји, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак. Хак додал дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји […]

Ципрас: Направен е напредок, но сè уште е долг патот до договор за името

јануари 27, 2018

Се обврзувам дека во следниот период со патриотска одговорност ќе се стремам кон заемно прифатливо решение на прашањето за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќањето до јавноста по денешните средби со лидерите на политичките партии во Грција, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. Ципрас рече дека е направен напредок, но оти сѐ уште […]

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

јануари 27, 2018

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада […]

Страна 1 од 6