fbpx

Нема да има компромиси за Лондон во процесот на излегување од ЕУ, порача Туск

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска зазел цврст став во врска со преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ветувајќи дека нема да има компромиси за Лондон во процесот на Брексит, јавуваат светските агенции.

Туск изјавил дека задачата на европските преговарачи е да ги заштитат интересите на Европската Унија како целина и на секоја од 27-те земји-членки.

Тој инсистирал на тоа Велика Британија да не се надева дека ќе остане на единствениот европски пазар, додека самата го ограничува движењето на луѓе од ЕУ, истакнувајќи дека „тука нема компромиси“.

Инаку, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, почетокот на преговорите за излегување на земјата од ЕУ го најави за март следната година.

Во исто време, Врховниот суд во Лондон почна да ја разгледува жалбата по одлуката на премиерката Меј за почнување процес без притоа да побара од парламентот да се изјасни по ова прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...