fbpx

Грција и во вториот круг не избра претседател

-

Ниту вториот круг од гласањето во грчкиот парламент не е избран претседател. За Ставрос Димас гласаа 168 од вкупно 300 пратеници. Против беа 131 пратеник, а една пратеничка беше отсутна. Одлучувачки ќе биде третиот круг закажан за 29 декември.

Покрај 155 пратеници на Нова демократија и на ПАСОК, за Димас гласаа 13 независни пратеници, осум повеќе од минатиот пат. За Димас гласаа и двајца поранешни пратеници на Златна Зора, Статис Букурас и Хрисовалантос Алексопулос.

Првите реакции се дека исходот е очекуван, без големи разочарувања и без големи изненадувања. Најдоброто сценарио за владата и за премиерот Андонис Самарас ќе беше ова гласање да се освојат околу 172 гласа за на третото гласање полесно да се дојде до уште осум пратеници за потребните 180. Засега постои првично задоволство, но јасно им е дека имаат уште долг пат до конечната потребна бројка.

Во грчкото Собрание имаше голема тензија и раздвиженост пред почетокот на гласањето. Една од пратеничките на Демократска левица, Ники Фунта, непосредно пред гласањето ја напушти партијата и се издвои како независен пратеник, незадоволна од обидот на Демократска левица да преговара за соработка со СИРИЗА. Иако независна, Фунта не го поддржа Димас.

Една минута до почетокот на гласањето се одвиваше и ненадејна тет-а-тет средба меѓу поранешниот и актуелниот лидер на ПАСОК, Јоргос Папандреу и Евангелос Венизелос. Се шпекулираше дека двајцата политичари одлучиле да ги закопаат разликите и секирите и да се здружат засилено во обидот да се избере претседател. По првиот круг на гласањето и по долгото неколкумесечно незадоволство на Папандреу од Венизелос се слушнаа информации дека Папандреу се подготвува да ја напушти партијата, која долги години ја водеше неговото семејство и да формира своја партија. Меѓутоа, според информациите, оваа средба со Венизелос била еден вид помирување и затворање на гласините за можно ново формирање партија.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За третина од светското население климатските промени се предизвик, но не треба да бидат приоритет на владите

Третина од светската популација верува дека климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици, но многу помалку веруваат дека ова прашање треба да биде приоритет за нивните влади, се...