fbpx

Жител на Корошишта дома чувал 400 куршуми за „калашников“

-

Струшката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Корошишта, откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени речиси 400 парчиња муниција за автоматска пушка.

Против Д.У. (26) е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и за тргување со оружје или распрскувачки материи.

Според полицијата, кон средината на јули оваа година, при извршен претрес во домот на осомничениот, биле пронајдени и одземени 389 парчиња муниција, калибар 7,62 милиметри долго зрно, за автоматска пушка „калашников“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...