Скопјанец со нож го нападнал својот татко

Скопјанец вчера попладне го нападнал својот 65-годишен татко и со нож му нанал расеченица на лицето, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, вчера околу 16 часот меѓу таткото Т.Г. и неговиот син К.Г. (41), настанала расправија во која синот првин искршил врата од соба, а потоа го нападнал својот татко и со нож му нанел расеченица во пределот на устата. Синот потоа побегнал од куќата, а случајот бил пријавен во полиција.

Нивна екипа го привела К.Г. и по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.