Во напад со нож во автобус во Германија повредени 14 лица
20 јули 2018
Вкупно 14 луѓе се повредени, од кој двајца посериозно, во напад со нож во градски автобус во германскиот град Либек. Полицијата во градот, кој се наоѓа во северната држава Шлезвиг-Холштајн, соопшти дека напаѓачот е приведен, а се истражуваат мотивите за нападот.