fbpx
Таг: нож

таг: нож

Едното од избодените момчиња во Ново Лисиче оперирано и сместено на КАРИЛ

На едно од двете момчиња, кои ноќеска, триесетина минути по полноќ, беа избодени со нож во скопската населба Ново Лисиче, му бил извршен хируршки зафат, по што е сместено на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување и е приклучено на респираторна машина, велат за „Мета“ од Ургетниот центар. Оттаму додаваат дека момчето имало посериозни повреди на крвните садови, кои...

Две момчиња избодени со нож, едното во критична состојба

Две момчиња биле избодени со нож од страна на група од три-четири непознати лица, ноќеска, триесетина минути по полноќ, во близина на зграда на булеварот АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, групата извршила убиство во обид над Д.Б. (23) и С.Р. (22), кога еден од напаѓачите им нанел повеќе убодни рани. Според полицијата, Д.Б. е...

Скопјанка ограбена во центарот на градот

Дваесет и едногодишна скопјанка, вчера попладне, била ограбена од четворица разбојници во центарот на градот, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 13.30 часот, на улицата 27 Март, во непосредна близина на објектот „Тифани“, кога четири непознати лица ја нападнале девојката и, заканувајќи ѝ се со нож, ѝ одзеле 800 денари, два мобилни телефони, марка „сажем“ и „алкател“, лична карта, клучеви и лични работи. Скопјанката...

Скопјанец избоден пред ресторанот „Деспина“

Триесет и четиригодишниот скопјанец Е.А. синоќа добил повреди во пределот на стомакот по расправија со обезбедувањето на угостителскиот објект „Деспина“. Според полицискиот извештај, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот. Очевидците на инцидентот го пренеле Е.А. во Градската општа болница „8 Септември“, од каде е префрлен во Ургентниот центар - Скопје и е задржан...

Кина: Жена нападна деца со нож, едното почина

Тригодишно дете денеска е убиено во Кина, а неговата деветгодишна сестра е тешко повредена кога жена со нож ги нападнала на улица, јавија кинеските медиуми. Полицијата ја привела осомничената 40-годишна жена, за која постои веројатност да е ментално болна. Во медиумските извештаи за инцидентот, кој се случил во градот Бејхај, во јужната кинеска провинција Гуангсју, не се наведува дали жената на...

Тетово: Едно лице повредено со нож

Едно лице е прободено со нож при тепачка што синоќа избила меѓу две групи на улицата ЈНА во Тетово, пред кафулето „Имиџ“, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години, кои биле нападнато од група од десеттина други лица. При нападот, тројца од пријавувачите добиле видливи повреди...

Поднесено обвинение за убиството на матурантот во Ѓорче Петров

Јавното обвинителство покрена обвинение против осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи кон средината на мај годинава, во населбата Ѓорче Петров. Според обвинителниот акт, осомничениот се товари за две кривични дела, тешка кражба и убиство со умисла. Соопштението од јавното обвинителство ви го пренесуваме интегрално: „Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши во целина истрагата за...

Приведено 14-годишното момче што прободе девојка кај „Мавровка“

Четиринаесетгодишно момче е приведено под сомневање дека со нож нападна 16-годишна девојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Од МВР велат дека девојчето и 14-годишното момче прво почнале да се караат, по што тоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на левата натколеница. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градска општа болница.

Малолетна девојка прободена со нож кај „Мавровка“

Попладнево, пред трговскиот центар „Мавровка“, со нож е прободенa 14-годишнa девојка. Според неофицијални информации, девојката двапати била прободена во левата нога. Таа е префрлена на една од скопските клиники и е надвор од животна опасност. Од полицијата го потврдија случајот, но сè уште нема официјални информации за напаѓачот.

(ВИДЕО) Израел: Еден загинат и тројца повредени со нож

Четиринаесетгодишно израелско девојче е избодено со нож на Западниот Брег, неколку часа откако израелски војник со нож беше ранет во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе одговори на насилството на Арапите. Две други лица беа избодени на автобуска станица во близина на еврејската населба Алон Швут. Лицата се полесно повредени, а чувар на населбата стрелал во напаѓачот,...

Спречен атентат вр кралицата Елизабета Втора

Радикалните исламисти, кои вчера беа уапсени во Лондон, планирале напад врз британската кралица Елизабета Втора, објави „Сан“. Четворицата мажи требало денеска да ја нападнат кралицата со нож, а засега Скотланд јард не ја потврди информацијата на таблоидот. Приведените се на возраст меѓу 19 и 27 години. Според весникот, тие планирале со нож да ја нападнат кралицата за време на денешното армиско чествување...

Разбојници ограбиле скопјанец во казино

Дваесет и тригодишен скопајнец утрово во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека бил нападнат и ограбен од неколкумина разбојници во казино „Сенатор“, информираат од полицијата. Станува збор за Р.Ѓ., кој пријавил дека додека играл на апаратите во казиното, му пришле неколку непознати лица и, заканувајќи му се со нож, му го зеле паричникот, во кој имало 700 денари и докумнети.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...