fbpx

Маж со нож рани шест лица на станицата Гар ду Норд во Париз

-

Маж со нож нападнал шест лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз утрово, при што едното е тешко повредено, изјави портпаролот на француската полиција, пренесе Ројтерс.

Напаѓачот бил застрелан неколку пати од полицијата и бил пренесен во болница со повреди опасни по живот, додаде портпаролот.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин на Твитер напиша дека напаѓачот бил брзо „неутралзииран“.

„Им благодарам на безбедносните сили за нивната ефикасна и храбра реакција“, рече министерот.

Според полицијата, мотивите на напаѓачот не биле јасни, а парискиот обвинител во соопштение рече дека е отворена кривична истрага.

Станицата е една од најпрометните во Европа и главна врска помеѓу Париз, Лондон и северот на Европа. Полицијата ја обезбеди областа по нападот, а Радио Франсинфо, цитирајќи го железничкиот оператор SNCF, соопшти дека возовите сообраќаат нормално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...