Велешанец на возраст од 73 години во саботата вечерта со два ножа се заканил дека ќе ја убие неговата 15-години помлада сопруга оти отишла да го види болното внуче од син. Семејството на синот живеело еден кат над нив, односно на вториот кат од семејната куќа.
Основното јавно обвинителство Велес почна истрага против осомничениот велешанец и побарало 30-дневен притвор за него. Истражен судија го изрекол побараниот притвор, поради сторено семејно насилство и опасност осомничениот да ја оствари намерата.
Според она што Обвинителство го соопшти, во саботата околу 19.45 часот, осомничениот се обидел да ја убие неговата сопруга (58). Тој првин почнал расправија, а потоа од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон главата на оштетената, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.