Фон дер Лајен: Косово да формира Заедница на српски општини, а Србија да го признае Косово

Говорејќи на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, фон дер Лајен изјави дека напредокот на Косово и Србија кон ЕУ е возможен единствено ако двете земји ги нормализираат своите односи

-

По посетата на С. Македонија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен попладнево од Приштина испрати јасна порака дека Косово треба да се ангажира за оформувањето на Заедницата на српски општини во северниот дел на земјата, додека Србија де-факто треба да го признае Косово, пренесува весникот Данас.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, фон дер Лајен изјави дека напредокот на Косово и Србија кон ЕУ е возможен единствено ако двете земји ги нормализираат своите односи.

„Се разбира, постои одредена волја каде треба да се ангажираат двете страни, да соработуваат, ние го повикуваме Косово да ја олесни постапката за прифаќање на Заедницата на српски општини која останува како нацрт, а Србија мора да прифати де-факто признавање. Дијалогот на ЕУ е фокусиран на разговори, тоа е начин да напредуваме“, порача фон дер Лајен.

Таа го осуди нападот од 24 септември во Бањска, порачувајќи дека тој е во спротивност со вредностите на ЕУ и извршителите треба да бидат процесуирани. Претседателката на Европската комисија потсети дека ЕУ ја поддржала визната либерализација за Косово.

Претседателката на Косово, Османи, пак, се заблагодари на фон дер Лајен за механизмите кои овозможија либерализација на визите за косовските граѓани.

Таа потенцираше дека Косово ги имплементирало реформите и пораснало за 20 места на индексот за антикорупција и посочи дека земјата е подготвена за следните чекори кон целосна интеграција во евроатлантските институции, јавува Радио-телевизија Косово. 

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...