fbpx

Хулман: Во демократска држава граѓанското општество и медиумите имаат суштинска улога

Во Скопје денеска беше промовирана публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ – извештај од мониторинг на медиумите за темите: „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“

-

Институтот за медиуми и аналитика ИМА, во рамки на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонес на граѓанското општество“, денеска во Скопје ја промовираше публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ – извештај од мониторинг на медиумите за темите: „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“.

По воведното обраќање на амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Хулман, следуваше панел-дискусијата на која говореа вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски, директорката на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-Скопје) Катерина Колозова, и раководителот на истражувања во ИМА, Жарко Трајаноски.

„Во една демократска држава, граѓанското општество и медиумите имаат суштинска улога. Особено да ја следат работата на државните институции и политичарите и да бараат поголема транспарентност и одговорност, да го мониторираат користењето на средствата и реализацијата на проектите; да дадат глас на различни групи, особено на ранливите групи, жените, младите, малцинствата, и да обезбедат дека интересот на оние кои имаат помала моќ се зема исто така предвид од носителите на одлуки, и да се залагаат за развивање и спроведување на ефективни и инклузивни политики“, истакна швајцарската амбасадорка Хулман.

Вицепремиерката Грковска посочи дека во јавноста тешко пробиваат теми поврзани со демократските вредности и со потребата од јакнење т.н. меки вештини, а кои се клучни за да се подобрат човечките капацитети во институциите.

„Свесна сум дека напорите кои ги преземаме преку специфични политики и мерки за вградување во системот на принципите како етика, одговорност, отчетност, понекогаш се чинат наивни, особено кога ги ставаме во контекст на конкретни случаи кога затаила испораката на правда. Но токму отсуството на свест за штетноста на неодговорното, непрофесионалното и незаконско однесување е една од причините за високата толеранција кон корупцијата во општеството. Затоа сум уверена дека паралелно со реформите на полето на владеење на правото, мора континуирано да се работи на менување на светогледот“, истакна Грковска.

Жарко Трајановски, пак, кажа дека медиумите не се доволно фокусирани на темите демократски институции, владеење на правото, борба против корупцијата, реформа на јавната администрација, дигитализација, како теми кои се од особен интерес за граѓаните и за подобрување на нивниот квалитет на живот.

„При покривањето на овие теми, медиумите не се придржуваат секогаш на принципот на проверка на факти, не обезбедуваат доволно критички извори од граѓанското општество и непосредни изјави од граѓаните, и известуваат со јазик кој не е доволно разбирлив за граѓаните“, смета тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...