fbpx

Грковска: Изборните кампањи да бидат транспарентни, за да нема лажни вести и дезинформации

Вицепремиерката ја истакна важноста за тоа да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс

-

Вицепремиерка Славица Грковска напиша отворено писмо во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, кои беа распишани вчера.

Грковска во своето писмо истакнува дека е од огромно значење сите учесници во овој процес постојано да ги имаат предвид законите и етичките принципи при вршењето на своите активности. Таа дополни дека правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, како што се дефинирани од Советот на Европа.

Вицепремиерката става посебен акцент на важноста на транспарентноста во изборните кампањи, со цел избегнување лажни вести и дезинформациски наративи.

„Во овие времиња полни со предизвици, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации. Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации. Подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава“, пишува Грковска.

Таа потенцираше дека без оглед на политичките афилијации, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество.

„Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава“, заклучи Грковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...