fbpx

ЕУ за изборите: Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција

-

Ги поздравуваме граѓаните за остварување на своето право на глас во рамките на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во Северна Македонија на 15 јули, во контекст на предизвиците поврзани со пандемијата со Ковид-19, се вели во заедничка изјава на високиот претставник потпретседател на Европска унија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареи.

„Според првичните наоди и заклучоци на меѓународните наблудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), изборите генерално се спроведоа добро и со извесни прилагодувања поради пандемијата, а кампањата беше навистина натпреварувачка, но правната стабилност беше поткопана со значителни ревизии на правната рамка и последователните владини уредби. Откако ОБСЕ / ОДИХР ќе ги издаде своите препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички чинители, релевантни институции и засегнати страни да продолжат да работат заедно за да ги спроведат навремено тие препораки пред следните избори,“ се вели во изјавата.

Во неа се додава дека „со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција кои треба да испорачаат резултати во однос на стратешката цел на земјата за интеграција во ЕУ и да одговорат на очекувањата на граѓаните.

„Посветени сме да продолжиме заеднички да одговараме на пандемијата со ковид-19 и последици од неа. Очекуваме властите да продолжат да ги исполнуваат обврските на земјата кон ЕУ, да го одржат и забрзаат спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, особено во областа на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и дополнително да ги зајакнат добососедските односи. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и со нетрпение очекува што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција,“ се додава во изјавата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...