fbpx

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на УКИМ

-

На денешната 35 седница Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8 од Изборниот законик, во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Комисијата утврдила дека поради состојбата со корона вирусот, нема основни услови за доставување на уредбата до Ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување според законските прописи.

Според ДКСК, направен е обид да се достави уредбата на лице место, но Ректоратот бил затворен поради ковид–19.

Инаку, минатиот месец, прекинување на постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара Независниот академски синдикат (НАкС), кој поднесе претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Од Синдикатот го повикаа ДПИ да постапи и по претходни претставки поднесени од НАкС и од Антикорупциска комисија, што се во врска со постапките за избор на Ректор и Сенат на УКИМ, како и да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот. Причината за тоа беше што и покрај владината уредба за стопирање на изборот додека трае вонредната состојба, постапката продолжила.

Претходно на почетокот на јуни, владата одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ, по реакциите на дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАкС). Владата појасни дека според член 5 од Уредбата за Законот за високо образование, органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредна состојба, мандатот и постапките за избор треба да ги продолжат, започнат, во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. А, дејствата што се преземени претходно, се сметаат за неважечки.

Оваа одлука беше поздравена од НАкС и оценета дека со неа се заштитуваат демократските принципи на универзитетите и здравјето на академската заедница.
Инаку, на утврдената листа за избор на ректор на УКИМ кандидати за мандатниот период, 15 септември 2020 – 15 септември 2023 година, прифатени се кандидатурите на проф. д-р Јане Ацевски и на проф. д-р Коле Василевски од Шумарскиот факултет, проф. д-р Драги Димитриевски од Земјоделскиот, проф. д-р Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование, проф.д-р Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и кандидатурата на актуелниот ректор – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...