fbpx

ЕУ испраќа две милијарди евра помош за Сирија

-

Европската унија е подготвена да издвои околу две милијарди евра помош на меѓународната донаторска конференција посветена на Сирија, која в четврток ќе се одржи во Лондон.

Конференцијата насловена „Поддршка за Сирија и за регионот 2016“ заеднички ја организираат Велика Британија, Германија, Кувајт, Норвешка и Обединетите нации, со намера да соберат пари неопходни за милиони луѓе чии животи се загрозени од граѓанската војна.

Обединетите нации апелираат за помош од речиси осум милијарди долари за решавање на проблемот во Сирија, а 1,2 милијарда долари за регионалните влади за да се изборат со последиците од сирискиот конфликт.

ЕУ на конференцијата ќе изнесе детали за помошта. На минатата донаторска конференција во Кувајт, во јануари 2015 година, Унијата издвои околу 1,1 милијарда евра за регионот.

Поголемиот дел од помошта на ЕУ е храна, вода, лекови, шатори, санитарни средства и ќе биде обезбедена преку кредит со ниска каматна стапка и со долг грејс-период.

Како последица на војната во Сирија, која трае веќе пет години, пет милиони луѓе избегаа во странство, а 6,5 милиони Сиријци се интерно раселени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.