fbpx

Во бомбашки напад во Кабул загинаа 20 лица

-

Најмалку 20 лица се убиени во напад на талибански бомбаш-самоубиец на полициската база во западниот дел на Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи.

„Како резултат на терористички напад, 20 луѓе загинаа, а 29 се повредени“, се наведува во соопштението.

Бомбашот-самоубиец ја активирал бомбата додека чекал ред да влезе во канцеларијата на полицијата.

Авганистанската престолнина во текот на јануари ја потресоа серија самоубиствени напади, вклучувајќи го и нападот на телевизиска станица во кој загинаа седум новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...