сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Кабул | 30 резултати

„Airbnb“ понуди бесплатно сместување за 20.000 Авганистанци

август 26, 2021

Онлајн платформата за сместување „Airbnb“ соопшти дека привремено ќе смести 20.000 авганистански бегалци бесплатно за да им помогне  да се преселат секаде низ светот, јавуваат светските новински агенции. Од платформата велат дека овој потег е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. „Стана извонредно јасно дека раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци […]

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

август 26, 2021

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот. Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански […]

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

август 23, 2021

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната […]

Талибанците влегуваат по домови и бараат соработници на НАТО и на досегашната влада на Авганистан

август 20, 2021

Според документ од Обединетите Нации, Талибанците во Авганистан ги засилиле своите потраги по луѓе што работеле за силите на НАТО и на доскорешната влада на Авганистан. Милитантите одат од врата на врата за да ги најдат луѓето од списоците и се закануваат на нивните семејства, пренесува Би-Би-Си. Од преземањето на контролата над земјата во неделата […]

МНР: Сите македонски државјани пријавени за евакуација го напуштија Кабул

август 18, 2021

Сите македнски државјани што беа пријавени за евакуација, веќе го имаат напуштено Кабул, главниот град на Авганистан и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните […]

Хаос на аеродромот во Кабул, цивили се обидуваат да се качат на воените авиони за евакуација

август 16, 2021

На аеродромот во Кабул има голем метеж со стотици Авганистанци на и околу пистите, кои се надеваат дека ќе успеат да се качат на некои од авионите, воени или цивилни, што би полетале по воените авиони со кои се врши евакуација на персонал на амбасади и на некои организации, јави Би-Би-Си. Медиумот објави видео со […]

Влада: Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни

август 16, 2021

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација, Северна Македонија се приклучува на глобалната хуманитарна мисија за спас на локалното население, соопшти Владата, нагласувајќи дека со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД. Владата […]

Талибанците ја прогласија војната за завршена, по претседателот на Авганистан, заминуваат и дипломатите

август 16, 2021

Талибанците ја прогласија за завршена војната во Авганистан по преземањето на претседателската палата, откако претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. Припадниците на исламистичкото движење вчера влегоа во Кабул без да наидат речиси на никаков отпор, а Гани замина велејќи дека сака да избегне крвопролевање. Според најновите информации, тој сега се наоѓа во Оман. Во меѓувреме […]

Талибанците околу Кабул, за неколку часа мирно ќе ја преземат власта над Авганистан

август 15, 2021

Според авганистанската телевизија „1 ТВ Њус“, во претседателската палата во Кабул се одвиваат преговорите на Талибанците, кои веќе навлегуваат во главниот град на Авганистан, и авганистанската влада и претседател за мирно примопредавање на власта во следните неколку часа. Талибанците веќе контролираат 90 отсто од територијата на Авганистан и сите гранични премини. Во Кабул, иако нема […]

Авганистанската влада ги засилува мерките за безбедност во Кабул

февруари 7, 2018

Авганистанската влада одобри нов безбедносен план за Кабул по низата напади на милитантите на главниот град, јавуваат светските агенции. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими изјавил дека планот ќе биде имплементиран во следните две недели. Тој изјавил дека повеќе од 100 улици кои водат кон центарот на Кабул ќе бидат под строг надзор. […]

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на хотелот во Кабул

јануари 21, 2018

Одговорноста за синоќешниот напад врз хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул ја презедоа талибанците. Во нивното образложение се вели дека пет напаѓачи со самоубиствени појаси барале странци и припадници на авганистанската власт. Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид изјавил дека бунтовниците првично планирале хотелот да го нападнат во четвртокот вечерта, но нападот се одложил затоа што во тоа […]

Убиени напаѓачите на хотелот во Кабул, пет лица загинати

јануари 21, 2018

Нападот на хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул е завршен, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Надиб Даниш. Четворицата напаѓачи се убиени, а 153 луѓе биле спасени, вклучувајќи и 41 странец. По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно […]

Експлозија во Кабул кај американската амбасада, четворица мртви

август 29, 2017

Силна експлозија одекнала во Кабул кај американската амбасада. Според локалните власти, четири лица загинале, а најмалку деветмина се повредени. Експлозијата се случила на централниот плоштад Масуд, каде што се наоѓаат бројни амбасади и на други западни земји. Авганистанската полиција соопштила дека мета на нападот најверојатно била филијалата на „Кабул банка“. Според локалните медиуми, од јачината […]

Автомобил бомба усмрти 49 лица во Кабул

мај 31, 2017

Во експлозија во дипломатскиот дел на Кабул, утринава загинаа 49 лица, а 300 се повредени, соопшти авганистанското министерство за здравство, додавајќи дека ова се првични бројки и дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека автомобил бомба експлодирал во дипломатскиот дел на Кабул, односно во делот на градот […]

Триесет убиени и десетици повредени во нападот на болницата во Кабул

март 8, 2017

Најмалку 30 лица се убиени, а десетици се повредени во нападот на воената болница во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на американската амбасада, соопшти авганистанското министерство за одбрана. Напаѓачите влегле во болницата облечени во лекарски униформи по експлозијата и пукањето. Воената болница има 400 легла и се наоѓа покрај две цивилни болници. Авганистанските командоси […]

Најмалку 27 загинати во самоубиствен напад во Кабул

ноември 21, 2016

Најмалку 27 лица загинаа денеска во Авганистан, а 35 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад на шиитска џамија, соопшти полициски претставник. Министерството за внатрешни работи потврди дека нападот на се случил во џамијата во западниот дел на Кабул. Шефот на полицијата во Кабул, Фаредун Обиади, рече дека напаѓачот дошол пеш и го активирал експлозивот меѓу […]

Во нападот на универзитетот во Кабул загинаa 12 лица

август 25, 2016

Во нападот на американскиот универзитет во Кабул загинаа 12 луѓе, од кои седум студенти. Специјалните сили убиле двајца напаѓачи. Нападот започнал вчера околу 18.30 часот по локално време со голема експлозија за која властите наведуваат дека била детонација на автомобил бомба, по што следувале пукотници. Напаѓачите успеале да влезат во комплексот на Универзитетот, каде што […]

Еден загинат и 25 повредени во нападот на универзитетот во Кабул

август 24, 2016

Едно лице загина, а 25 лица се ранети при нападот на вооружени лица на американски универзитет во Кабул, главниот град на Авганистан. Деканот на универзитетот, Марк Инглиш, изјави дека на местото на нападот се припадниците на специјалните сили. Локалните медиуми наведуваат дека во зградата се заробени стотина лица, вклучувајќи и странски професори. Локалната телевизија „Толо […]

Вооружен напад на американски универзитет во Кабул

август 24, 2016

Вооружени напаѓачи упаднале во зградата на американски универзитет во авганистанскиот главен град Кабул, а претходно се слушнале експлозии и пукања. Авганистанските власти потврдија дека универзитетот е нападнат од вооружени мажи. Сведоци додаваат дека по пукотниците, во зградата на универзитетот останале заробени „одреден број на луѓе“. Специјални полициски сили почнале акција за спасување, а од нивниот […]

Во бомбашки напад во Кабул загинаа 20 лица

февруари 1, 2016

Најмалку 20 лица се убиени во напад на талибански бомбаш-самоубиец на полициската база во западниот дел на Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. „Како резултат на терористички напад, 20 луѓе загинаа, а 29 се повредени“, се наведува во соопштението. Бомбашот-самоубиец ја активирал бомбата додека чекал ред да влезе во канцеларијата на полицијата. Авганистанската престолнина […]

Страна 1 од 2