fbpx

Груевски: Изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, му истакнал дека заложба на партијата е надминување на политичката криза, преку одржување предвремени парламентарни избори во согласност со одредбите и со роковите на Изборниот законик што го поддржаа парламентарните партии во Собранието на Република Македонија.

„Претседателот Груевски истакна дека постои доволно време кое треба да се искористи од надлежните институции за сите неопходни процедури што ќе го гарантираат изборниот процес. Груевски во тој поглед посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е организирање на фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните ќе одлучат за иднината на државата и дека изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза. Тој рече дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ја дава максималната поддршка во поглед на спроведување квалитетен, фер и демократски изборен процес“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и Рот се осврнале и на темата на евроатлантските интеграции, при што Груевски посочил дека членството во ЕУ и во НАТО претставува стратегиска цел, за што се преземаат мерките од реформскиот план и во таа насока е добредојдена поддршката на Германија и на другите земји-членки на ЕУ и на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...