fbpx

Едно лице загина, а има и повредени во протестите во Парагвај

-

Стотина демонстранти излегоа на улиците на Асунсион, главниот град на Парагвај, во знак на протест, бидејќи Сенатот во тајност гласал за уставен амандман со кој му се овозможи на претседателот Хорасио Картес да се кандидира за втор претседателски мандат.

Демонстрантите ја запалиле зградата на Конгресот, при што има повредени, а едно лице наводно било убиено од полицијата.

Полицијата остро реагирала против демонстрантите, употребила водени топови и гумени куршуми.

Светските медиуми јавуваат за повеќемина повредени, меѓу кои имало и политичари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...