fbpx

Двајца млади Французи кои сакаат да го обиколат светот пеш, викендов се во Охрид

-

Двајца млади Французи, Грегори (28) и Фелих (25), кои сакаат да го обиколат светот пеш, викендов престојуваат во Охрид. Тие имаат и приколка од три квадратни метри, во која ги носат потребните работи.

Грегори е веќе допломиран архитект, додека Фелих е студент по архитектура. Родната Франција ја оставиле пред две години и тргнале на долг пат. Преку Швајцарија, земјите на Средна Европа, преку Унгарија, се симнале во Хрватска, па од Србија до Црна Гора, и оттаму, преку Албанија, до Охрид.

Од секаде, меѓу другото, понеле и дел од локалните јазици, за кои велат дека се многу сродни од Словачка и од Чешка, па надолу на југ.

Во Македонија, Охрид им бил незаобиколна станица, а веќе доста зборови од српски ги трансформираат на македонски јазик. Велат тоа им е најголемото богатство, покрај сето друго искуство што ќе го стекнат на овој невообичаен поход.

– Досега патуваме две години. Наредната земја ни е Грција, а оттаму, преку Бугарија и Украина, ќе влеземе во Русија, со крајна дестинација Москва, за што планираме да патуваме седум-осум месеци. Во Москва ќе ја оставиме приколката и ќе тргнеме пеш до Токио, за што ќе ни треба уште една година – велат тие.

На прашањето, како се снаоѓаат со исхраната, хигиената и особено евентуалната потреба од здравствена интервенција, Грегори одговара дека досега, за среќа, само тој имал лесна забоболка.

Познатиот екологист и ликовен уметник од Скопје, Свето Стефаноски, воодушевен од приказната на двајцата млади Французи, им подари ликовно дело со мотив од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...