fbpx

Ден после нередите, на северот на Косово мирно, но уште има протести

Продавниците во Звечан работат, граѓани шетаат љубопитно низ градот, а пред општинската зграда и денеска има протест но со многу помалку луѓе отколку вчера. И на главната и на споредната улица има кордон на КФОР во полна готовност за разбивање демонстрации. Поставена е и метална ограда

-

Денешното претпладне по вчерашните нереди во Звечан и судирите на демонстрантите – Срби со косовската полиција, денеска на северот на Косово ситуацијата е мирна, јавува онлајн-медиумот „Косово Север“.

И утрово граѓани и вработени во српските привремени општински органи се собраа пред општинските згради во коишто од петокот се наоѓаат припадници на Специјалната единица на косовската полиција. Станува збор за општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, во чии седишта косовската полиција влезе за да ги внесе новите градоначалници – Албанци.

Најкритично вчера беше во Звечан, каде дојде до судир на насобраните Срби со КФОР, откако демонстрантите одбија по повеќечасовни протести и преговори да пропуштат две блиндирани полициски возила, барајќи полициските специјалци да ги напуштат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Повредени беа повеќе десетици граѓани и 25 припадници на КФОР. Истовремено, според косовската полиција, приведени се петмина Срби, за коишто се очекува да бидат пуштени на слобода.

Уште синоќа стигна бран осуди за најновата ескалација на северот на Косово но овојпат на сметка на Србите што се судрија со КФОР. Меѓународните претставници што претходните денови вперуваа прст во косовските власти и премиерот Албин Курти да престане да влече еднострани потези и итно да ја деескалира ситуацијата, како и дека едностраните провокации се непотребни, сега главно го осудуваат големото насилство врз припадниците на КФОР, односно на НАТО и врз новинарите, пишува „Косово Север“.

Се очекува повлекување на полицијата во Звечан до 15 часот

Во Звечан ситуацијата утрово е мирна, од Градска чистота го расчистуваат нередот по вчерашните судири. Продавниците работат, граѓани шетаат љубопитно низ градот, а пред општинската зграда и денеска има протест но со многу помалку луѓе отколку вчера. И на главната и на споредната улица има кордон на КФОР во полна готовност за разбивање демонстрации. Поставена е и метална ограда.

Во општинската зграда уште се наоѓаат припадниците на Специјалната полициска единица, а како што за „Клан Косова“ изјави новиот градоначалник Илир Пеци, тој по консултации со КФОР и полицијата, решил денеска да не доаѓа во општината.

Се очекува до 15 часот полициските специјалци да ја напуштат општинската зграда.

ИзворKoSSev

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...