fbpx
Технологија Страница 7

Технологија

Мрежата „Твитер“ е падната на глобално ниво

Милиони корисници на „Твитер“ утринава немаат пристап до социјалната мрежа, која е недостапна повеќе од еден час. Микроблогот синоќа и во петокот беше паднат, но само во период од 10 минути. Компанијата го среди проблемот, но не објасни која е причината, поради што се појавија...

„Спејс екс“ успешно ја лансираше и вертикално ја приземји ракетата „Фалкон 9“

Американската компанија за вселенска технологија „Спејс екс“ (Space X) ноќеска успешно ја лансираше, а потоа ја приземји во исправена положба својата ракета без екипаж, што е прв ваков подвиг во историјата. Пред да се спушти во вертикална позиција во Кејп Канаверал на Флорида, ракетата „Фалкон...

Нов метод за лекување рак со вируси „ловци“

Здравствените власти на Соединетите Американски Држави (САД) го одобриле новиот, како што велат, револуционерен метод за лекување рак, преку вбризгување на вирус на херпес со двојно дејство, кој ги напаѓа клетките зафатени од тумор, а ги поштедува здравите, поттикнувајќи го имунолошкиот систем да се бори...

Хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од британски граѓани

Британската полиција ги предупреди сите корисници на интернет-банкарството да бидат особено внимателни затоа што откриле дека хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од сметки на британски граѓани. Националната агенција за криминал (НКА) вели дека хакерите создале особено опасен вирус „дридекс“, кој може да преземе контрола над...

Тројца хемичари ја делат Нобеловата награда

Годинешната Нобелова награда за хемија ја делат Швеѓанецот Томас Линдхал, Американецот Пол Модрич и Турчинот Азиз Санчар, за, како што е наведено во образложението, механичката студија за обнова на ДНК. „Нивниот труд обезбеди фундаментално откритие за тоа како живите клетки функционираат и тоа како пример...

Нобелова награда за физика за истражувањата на неутриното

Нобеловата награда за физика во 2015 година им е доделена на Такаки Каџита од Јапонија и на Артур Б. Мекдоналд од Канада за нивниот придонес во експериментите што покажале дека честичката неутрино има маса и може да осцилира, соопшти Шведската кралска академија на науките. „Оваа метаморфоза бара...

Тројца добитници на Нобеловата награда за медицина

Нобеловата награда за медицина доделена им е на Вилијам Кемпбел од Ирска и на Сатоши Омура од Јапонија за нивната нова терапија за инфекции предизвикани од паразитски глисти, како и на Јоујоу Ту од Јапонија за нејзината терапија против маларија. Сезоната на објавување на годинешните...

Откриени две нови простории во гробницата на фараонот Тутанкамон

Kралицата Нефертити можно е да е погребана во една од двете новооткринеи простории во гробницата на фараонот Тутанкамон, смета британскиот археолог Николас Ривс, пренесува „Би-Би-Си“. Според Ривс, скeнарањата извршени со специјален радар, за чија употреба британскиот археолог добил дозвола од египетските власти, откриле две дополнителни...

„Мајкрософт“ го претстави „виндоус 10“

„Мајкрософт“ завчера во кино „Синеплекс“ организираше ден на „виндоус 10“ и официјално го промовираше новиот оперативен систем на деловните корисниците и на партнерите. „Овој „виндоус 10“ e без конкуренција најдобриот „виндоус“ кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и...

„Фејсбук“ падна, корисниците бесни

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ од доцна попладнево подолго време не беше достапна. Одвреме-навреме корисниците можат со тешкотии да се најават, но мрежата не е стабилна, што предизвикува лавина бесни и саркастични објави во целиот свет. Ова, според коментарите на интернет, укажува дека паѓаат и се активираат некои од...

НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

По многу години шпекулации и озборувања, НАСА официјално објави дека на црвената планета е откриена течна вода. Научниците откриле дека на Марс постојат кањони и кратер од ѕидови на кои за време на летните месеци тече солена вода. Ова значи дека шансите за наоѓање некој...

„Фолксваген“ издвојува 6,5 милијарди евра за сервис на возила

Германскиот произведувач на автомобили „Фолксваген“ денеска соопшти дека ќе одвои 6,5 милијарди евра за сервис и за други трошоци поврзани со скандалот за мерење на издувните гасови во САД. „Фолксваген“ вчера изгуби околу 15 милијарди долари од пазарната вредност откако акциите паднаа за 17 отсто...

„Скајп“ не работи во цел свет

Популарната апликација за комуникација „скајп“ денеска се соочува со глобален проблем. Нервозните корисници се жалат по социјалните мрежи дека не можат да се најават на своите профили. „Во моментов сме преоптоварени... Ве молиме обидете се подоцна или симнете го „скајп“ за да го користите во...

Јапонска ракета стигна на Меѓународната вселенска станица

Јапонска ракета Х-2Б утринава стигна на Меѓународната вселенска станица со намирници и други потребни продукти наменети за астронаутите на таа станица, соопшти јапонската вселенска агенција. - Ракетата успешно слета во 2 и 28 по јапонско време – се наведува во соопштението во кое се додава...

Науници од САД тврдат: Правиме јаглеродни нановлакна од ЦО2 од воздухот

Американски научници тврдат дека откриле метод за добивање на јаглеродни нановлакна од јаглерод диоксид од воздухот. Како што пренесува „Би-Би-Си“, нивниот соларно напојуван систем користи електрична енергија од само неколку волти, која се спроведува во сад полн со врела, растопена сол, по што јаглерод диоксидот...

Откриени три нови вида инсекти во Македонија

Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“. Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси...

„Гугл“ се реконструира во „Алфабет“

Компанијата „Гугл“ формираше нова компанија наречена „Алфабет“ (Alphabet) за контрола на своите различни бизниси. Новата компанија синоќа ја најави еден од коосновачите на „Гугл“, Лери Пејџ, кој ќе ја води заедно со другиот коосновач на „Гугл“, Сергеј Брин. Компанијата „Гугл инк“ ќе биде преименувана во „Алфабет“,...

Британската библиотека бара некој да ја реши мистеријата со натписот на средновековен меч

Британската национална библиотека бара помош од јавоста за одгатнување на мистериозен натпис на сечило од средновековен меч, стар околу 800 години, пишува „Хафингтон пост“. Станува збор за меч со двојно сечило, тежок околу еден килограм, со должина на сечилото од околу 96,52 сантиметри и балчак...

Вештачката интелигенција може да биде „калашников“ на иднината

Дел од водечките умови на денешницата предупредуваат дека оружјата целосно напојувани од вештачка интелигенција (artificial intelligence, AI) можат да станат реалност многу наскоро. Астрофизичарот Стивен Хокинг, коосновачот на „Тесла“, Илон Маск, коосновачот на „Епл“, Стив Возниак и уште повеќе од 1.000 други науници од светот се...

Најтопла година 2014, на Гренланд температурата повисока за 62 Целзиусови степени

2014 година е најтопла во последните 135 години, покажа годишниот извештај за состојбата на климата, а температурата дополнително ќе се зголемува. Климатските промени влијаеле и врз температурата на најголемиот остров на светот, Гренланд. Ако пред осум години, во овој период од година, температурата изнесувала минус 35...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...