fbpx
Технологија Страница 6

Технологија

Голема сончева бура може да ја погоди Земјата утре и задутре

Од утре попладне до сабота околу пладне, голем дел од светот би можел да ги почувствува последици од големата соларна ерупција што се случила вчера, алармираше Центарот за вселенска метеоролошка прогноза при американската Национална администрација за океаните и атмосферата. Русија, балтичките републики, Јужна Шведска, Данска,...

Конференција за онлајн-медиуми во Котор

Конференцијата Digital-born Media Carnival ќе се одржи од 14 до 18 јули во Котор, Црна Гора. Таа е заедничка иницијатива на Фондацијата SHARE, Мисијата на ОБСЕ во Србија и Министерството за надворешни работи на Холандија, со поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на...

Веб-страница овозможува да проверите дали хакери ви ја знаат лозинката

Благодарение на Трој Хант, регионален директор на „Мајкрософт“ за Австралија и експерт за компјутерска безбедност, кој ја создаде и ја одржува веб-страницата „Have I been pwned?“, сосема едноставно, брзо и бесплатно може да проверите дали злонамерни хакери ги украле од некоја база податоци вашите лозинки за...

Македонија има 1,44 милиони корисници на интернет, а еден милион се на „Фејсбук“

Вкупно 69,1 од проценетата бројка на 2.083.308 жители на Македонија се поврзани на интернет, односно 1.439.089, а еден милион користат „Фејсбук“, покажуваат пресметките за март годинава на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот, по користењето интернет во март годинава пред Македонија...

Донации од 5.000 долари од „Мајкрософт“ за невладиниот сектор

„Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“, се одржа денеска во Конгресниот центар на Скопски саем. Претставниците на граѓанскиот сектор имаа можност да научат повеќе за тоа како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари...

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што...

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ нудат можности за донации на софтвер за граѓанските организации

Во Конгресниот центар на Скопски саем утре ќе се одржи „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. „Денот на Мајкрософт“ посветен на НВО-секторот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на „Мајкрософт“, ќе им овозможи на претставниците...

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади. Вирусот е од категоријата...

Вирусот „вонакрај“ направи хаос

Корпорацијата „Мајкрософт“ објави закрпи за оперативните системи „windows XP“, „wIndows 8“ и „windows server 2003“, чија поддршка е прекината, за да овозможи подобра заштита од вирусот, поточно малверот „wannacry“, кој втор ден напаѓа компјутери во светот. Инаку, еден британски експерт за компјутерска безбедност претпладнево објави...

Сопрен вирусот што вчера погоди десетици илјади компјутери во светот

Ширењето на компјутерскиот малвер „wannacry“ е сопрено од еден компјутерски експерт, кој го пронашол „прекинувачот за исклучување“ во вирусот. Тој регистрирал веб-страница за неколку долари, со чија помош се активира „прекинувачот“ што го создале авторите на злонамерната програма, за случај да сакаат да ја стопираат. Станува...

Андроид го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфање

Оперативниот систем за паметни телефони и таблети Андроид првпат во својата историја го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфањето на интернет. Според истражувањето на компанијата за веб-аналитика „СтатКаунтер“, во март годинава 37,93 отсто од сето сурфање на интернет што компанијата регистрирала отпаѓале на...

Најмногу очекуваните паметни телефони годинава

Познавачите на пазарот на паметни телефони типуваат кои ќе бидат моделите што ќе предизвикаат најголемо внимание во светот годинава. Откако ќе се појави на пазарот, осмата генерација ќе биде јаготката на шлагот за прославата на десеттиот роденден на „ајфон“. „Ајфон 8“ ќе биде комплетно редизајниран...

Создадени првите ембриони од човечки и од животински клетки

Научниците успеале да создадат ембриони кои се комбинација од човечки и од свински матични клетки, што е првиот чекор кон развојот на човечки органи за трансплантација во телата на животните. Набргу ембрионите биле уништени, објави институтот од САД што го спровел експериментот. Истражувањето уште во...

Јули 2016 година бил најтоплиот месец во последните 137 години

Месецот јули,  годинава бил најтоплиот месец во модерната историја, со рекордна температура на копното и на океаните во последните 137 години, соопшти денеска американската Агенција за океани и атмосфера. „Просечната глобална температура на површината на копното и на океаните во јули 2016 година била највисока,...

„Веризон“ го купува „Јаху“ за 5 милијарди долари во готово

Американскиот телекомуникациски гигант „Веризон“ ја купува интернет-компанијата „Јаху“ (Yahoo) за речиси 5 милијарди американски долари во готово, јавува „Би-би-си“. „Јаху“, како што јавува британскиот национален сервис, ќе биде споена со фирмата АОЛ, уште една интернет-компанија чија слава избледува, а која лани беше купена од „Веризон“. Инаку,...

На Светскиот ден на емотиконите, првиот речник на емотикони за македонски јазик

По повод прославувањето на 17 јули, Светскиот ден на емотиконите, се одбележа официјалното пуштање во употреба на првиот речник за емотикони на македонски јазик. Емотикони се мали сликички што се испраќаат во кратки пораки директно од тастатурата на телефон. Сè досега, не постоеше лесен начин за тие кои...

Април 2016 година – нов глобален температурен рекорд

Температурата во април годинава на глобално ниво била повисока за 0,25 Целзиусови степени од онаа измерена истиот месец во 2010 година, што е нов глобален температурен рекорд, покажуваат податоците на американската агенција за аеронаутика и вселена - НАСА. Со ова, како што пренесува „Би-би-си“, април...

„Симантек“ пристигна на Балканот, донациите достапни преку „Тексуп Балканс“

Програмата за донации на „Симантек“ (Symantec) е достапна на Балканот преку платформата за донации на софтвери „Тексуп Балканс“ (TechSoup Balkans). Програмата за донации ги предвидува софтверите „symantec enterprise“ и „symantec norton“ за квалификувани непрофитни и хуманитарни организации за земјите од Балканот, меѓу кои се Босна...

За четири дена над 250.000 нарачки на новиот „тесла модел 3“

Елон Маск, основачот и шеф на американската компанија „Тесла моторос“, со седиште во Калифорнија, соопшти дека пред-нарачките на долгоочекуваниот електричен автомобил со ознака „модел 3“ ја надминале бројката од 250.000 возила, јавуваат светските медиуми. Станува збор за целосно електрично возило со пет врати, кое...

Мрежата „Твитер“ е падната на глобално ниво

Милиони корисници на „Твитер“ утринава немаат пристап до социјалната мрежа, која е недостапна повеќе од еден час. Микроблогот синоќа и во петокот беше паднат, но само во период од 10 минути. Компанијата го среди проблемот, но не објасни која е причината, поради што се појавија...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...