fbpx

„Гугл“ се реконструира во „Алфабет“

-

Компанијата „Гугл“ формираше нова компанија наречена „Алфабет“ (Alphabet) за контрола на своите различни бизниси. Новата компанија синоќа ја најави еден од коосновачите на „Гугл“, Лери Пејџ, кој ќе ја води заедно со другиот коосновач на „Гугл“, Сергеј Брин.

Компанијата „Гугл инк“ ќе биде преименувана во „Алфабет“, а под нејзина капа ќе бидат пребарувачот „Гугл“, мејл-сервисот „Џимеил“, видеосервисот „Јутјуб“, оперативниот систем „Андроид“ и другите сервиси што се во нивна сопственост.

Сепак „Гугл“ ќе остане најголема компанија во „Алфабет“.

На директорското место, како замена за Пејџ и за Брин, ќе дојде Сундер Пичај, кој досега ги водеше одделите „Андроид“ и „Хром“.

Аналитичарите велат дека овој потег ќе наиде на одобрување од Вол стрит.

„Гугл“ минатата година пријави повеќе од 14 милијарди долари профит, а 66 милијарди долари имаше приходи од продажба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...