fbpx

Британската библиотека бара некој да ја реши мистеријата со натписот на средновековен меч

-

Британската национална библиотека бара помош од јавоста за одгатнување на мистериозен натпис на сечило од средновековен меч, стар околу 800 години, пишува „Хафингтон пост“.

Станува збор за меч со двојно сечило, тежок околу еден килограм, со должина на сечилото од околу 96,52 сантиметри и балчак (рачка) долга околу 16,51 сантиметар, кој е дел од изложбата по повод 800 години од „Магна карта“, а е позајмен од Британскиот музеј.

„Доколку се удри со доволна сила, мечот може лесно да преполови човечка глава“, напишал на својот блог кураторот на Битанската библиотека, Џулијан Харисон, пренесува „Хафингтон“.

Според Британскиот музеј, сечилото најверојатно е направено во Германија во 13 или во раниот 14 век, но мечот сам по себе е aнглиски.

Во музејскиот опис на артефактот било наведено дека мечот е дел од витешките церемонии, на што јасно укажува неговата рачка во форма на крст, какви што користеле витезите, прифаќајќи ги христијанските должности што мораат да ги исполнат за одбрана на Црквата.

Но, она што е најинтригантно кај самиот меч е мистериозниот натпис на сечилото, чие значење не се знае или се изгубило низ вековите.

Натписот е: „+NDXOXCHWDRGHDXORVI+“

Во коментар на блогот на Харисон, Марк ван Хаселт од Универзитетот во Утрехт, изнел шпекулативна теорија дека буквите и јазик на натписот се латински и дека „ND“ е кратенка од „Нострум Доминус“ (Nostrum Dominus), што значи „Нашиот Господ“ или, пак, кратенка од „Номине Домини“ (Nomine Domini), во превод „Името на Господ“, додека „XOX“ се однесува на „Светото тројство“.

Други, пак, на блогот коментирале дека станува збор за натпис кој упатува на средновековен велшки јазик, но Харисон во изјава за „Дејли телеграф“ изразил сомнеж за таквите претпоставки.

Дел од шпекулациите е и таа дека станува збор за меч од викингшко потекло, но од Британскиот музеј ги отфрлаат ваквите теории, бидејќи карактеристиките на мечот повеќе одговараат на оние од средновековна Европа, отколку на викингшко сечило.

Мечот бил најден во 1825 година, во реката Витам во областа Линколншир, во Англија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...