Вештачката интелигенција може да биде „калашников“ на иднината

-

Дел од водечките умови на денешницата предупредуваат дека оружјата целосно напојувани од вештачка интелигенција (artificial intelligence, AI) можат да станат реалност многу наскоро.

Астрофизичарот Стивен Хокинг, коосновачот на „Тесла“, Илон Маск, коосновачот на „Епл“, Стив Возниак и уште повеќе од 1.000 други науници од светот се потписници на писмо во кое предупредуваат на заканите од т.н. автономни оружја, пишува „Хафингтон пост“.

„Доколку некоја од главните воени сили почне да го турка развојот на ВИ-оружјето, глобалната трка за вооружување е неизбежна, а крајот на ваквата технолошка траекторија е очигледен: автономните оружја ќе станат „калашников“ на иднината“, се предупредува во писмото.

Овие оружја ќе станат толку „сеприсутни и евтини“ и ќе биде само „прашање на време кога ќе се појават на црниот пазар и во рацете на терористите, диктаторите желни за што поголема контрола на својата популација, господарите на војната желни за етнички чистења итн.“

Писмото, како што пишува „Хафингтон“, било објавено вчера, на Меѓународната конференција за вештачка интелигенција, одржана во главниот град на Аргентина, Биенос Аирес.

Стивен Хокинг минатата година предупреди дека „развојот на целосна вештачка интелигенција може да значи крај за човечката раса“.

Илон Маск честопати зборува за опасноста од ВИ, притоа употребувајќи го метафоричниот израз „повикување на демонот“ и велејќи дека технологијата „може да биде многу поопасна од нуклеарките“.

Коосновачот на „Епл“, Возниак, изјави дека е загрижен за улогата на човекот во иднина во која доминира вештачката интелигенција.

„Дали ќе бидеме богови? Дали ќе бидеме семејни миленичиња? Или, пак, ќе бидеме згазнати мравки? Не знам. Но, кога размислувам за тоа дали ќе бидам третиран како милениче од паметните машини… се однесувам многу внимателно кон моето куче“, вели Возниак.

Голем дел од светските умови потпишаа слично писмо на почетокот од годинава, но последното предупредување звучи многу позагрижувачки, бидејќи, според потписниците, паметните роботи убијци можат да станат реалност „не за неколку децении, туку за неколку години“.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...