fbpx
Свет Свет Страница 267

Свет

СЗО: Прегласна музика може да ве оглуви

Прекумерното слушање музика на слушалки денес, може да доведе до губење на слухот утре, предупредуваат од Светската здравствена организација. Оттаму велат дека младите луѓе имаат тенденција да ја зголемат јачината до максимум додека слушаат музика на нивните мобилни уреди, а тоа се одразува на нивните...

Боко харам ѝ се заколна на верност на Исламска држава

Лидерот на исламистичката нигериска група Боко харам, Абубакар Шека, ѝ вети лојалност на Исламска држава во аудиопорака што ја објави во саботата. - Изјавуваме дека сме посветени на калифот на муслиманите, Ибрахим Ибн Авад ал Хусеини Кураши - соопшти гласот во пораката објавена на твитер-профилот на „Боко харам“. Кураши, познат...

Нетанјаху: Израел нема да дава територии

Израел повеќе нема да дава територии поради сегашната клима на Блискиот Исток, соопшти синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што се исклучува можноста за создавање палестинска држава. Аналитичарите велат дека изјавата на Нетанјаху, дадена пред изборите закажани за 17 март, навестува дека нема да има...

Протести во Медисон поради убиство на црно момче

Стотици демонстранти вчеравечер излегоа на улиците во градот Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, за да протестираат поради убиство на невооружен црн американски тинејџер. Полицаец од Висконсин во петокот го убил невооружениот црн тинејџер. Шефот на полицијата во Медисон, Мајк Ковал, за медиумите појасни дека...

Уапсени уште двајца осомничени за убиството на Борис Немцов

Руската полиција уапсила уште две лица осомничени за убиството на Борис Немцов. Двајцата се уапсени во Ингушетија, но се од Чеченија. Еден од нив е помал брат на Анзор Губашев, кој беше приведен заедно со Заур Дадајев. Дадајев и Губашев не се во базата на податоци...

Во Бразил, 50 политичари осомничени за корупција

Врховниот суд на Бразил одобри да се почне истрага против десетици политичари поради нивна наводна вмешаност во корупциски скандал во државната нафтена компанија „Петробрас“. Истражителите тврдат дека приватните фирми им плаќале на корумпираните функционери за да добијат доходовни договори со „Петробрас“, а станува збор за...

Американскиот сенатор Роберт Менендез осомничен за корупција

Американските власти се подготвени да документираат корупциско обвинение против влијателниот американски сенатор Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, кој инсистираше на поостар став против иранската нуклеарна програма и руската интервенција во Украина. Менендез е осомничен дека како член на комитетот за надворешни работи на Сенатот, ја...

Бангладеш: Дипломат со 27 килограми злато фатен на аеродром

Севернокорејски дипломат Сон Јан-на денеска е уапсен на аеродромот на бангладешкиот главен град Дака, при обид да прошверцува злато во вредност од 1,4 милиони долари. Како што соопштија локалните власти, кај првиот секретар на Амбасадата на Северна Кореја се пронајдени 27 килограми злато во форма...

ИД почна да го уништува древниот ирачки град Нимруд

Екстремистичката група Исламска држава денеска со булдожери почна да го уништува древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката влада, што претставува најнов напад на џихадистите на културното наследство на оваа блискоисточна држава. Како што соопшти еден ирачки претставник, уништувањето почнало по пладневната молитва. - Засега...

Кина: Девет лица избодени на железничка станица

Најмалку девет лица се повредени на железничка станица во кинескиот град Гуангжу, откако двајца напаѓачи ги нападнале со нож. Како што јавуваат кинеските медиуми, полицијата застрелала и убила еден од осомничените, додека другиот е уапсен. Засега не се знаат мотивите за нападот.

Масакар во Нигерија, Боко харам уби 68 селани

Во масакар во Североисточна Нигерија, исламистите од движењето Боко харам убиле 68 лица. Масакрот се случил во село Нџаба. Еден од локалните жители успеал да побегне и да посведочи за масовните убиства. Поголем дел од селото е уништен во пожар.

Во Хондурас откриена древна цивилизација

Археолози открија урнатини од изгубена култура во дивината на Хондурас. За оваа култура истражувачите трагаат уште од времето на Ернан Кортес, а била позната единствено по апсурдниот назив градот Бог на мајмуните. И покрај претпоставките дека американскиот пилот Чарлс Линдберг ја забележал од воздух уште во 20-тите години...

Возилата „хјундаи“ ќе се отклучуваат со паметен часовник

Компанијата „Хјундаи“ ја надгради својата апликација „блу линк“ со поддршка за уредите со оперативен систем за паметните часовници „андроид веар“. Најновата верзија на апликацијата, на сопствениците им овозможува преку паметниот часовник далечински да управуваат со својот автомобил „хјундаи“. Меѓу другото, може да се стартува и...

Нападнат американскиот амбасадор во Јужна Кореја

Приврзаник на идејата за обединување на Јужна и на Северна Кореја, денеска го нападна американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, јавуваат јужнокорејски медиуми. Напаѓачот, кој, според медиумите, се викал Ким, во себе носел брич и извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“. Четириесет...

Почна судењето за нападите на бостонскиот маратон

Две години по бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, почна судењето на обвинетиот за нападот, Џохар Чарнаев, кој заедно со својот постар брат, Тамерлан, е обвинет за бомбашкиот напад. Браќата Чарнаев се обвинети за поставување бомби од кои загинаа три лица, а повеќе од 260 се повредени на...

Починал играјќи видеоигра

По 19 часа играње на популарната игра World of warcraft, во еден кинески интернет-клуб починало 24-годишно момче, пренесе „Зазабава“. Ву Таи отишол во шангајското интернет-кафе за со други љубители на популарната игра да го изигра последниот дел од играта. Снимките го покажуваат 24-годишното момче како седи пред компјутерот...

Баби се грижат за стотици кучиња

Последните пет години, неколку постари жени од кинеската провинција Шанкси им ги посветиле на напуштените кучиња, пренесе „Петспортал“. Овие жени со добри срца не знаат за одмор: секое утро стануваат околу 4 часот за да ги нахранат своите пријателчиња. Прифатилиштето е скромно, но во него...

Кери и Зариф продолжуваат да преговараат за иранската нуклеарна програма

Министрите за надворешни работи на Иран и на САД, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф, денеска ги продолжија преговорите за иранската нуклеарна програма, игнорирајќи ги вчерашните предупредувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откажат од можната спогодба. Трет ден по ред, Џон Кери и...

Поранешниот директор на ЦИА призна дека издавал државни тајни

Поранешниот прв човек на американската Централна разузнавачка агенција, генералот Дејвид Петреус, призна дека ѝ оддал државни тајни на својата љубовница и биографка, Паула Бродвел, соопшти Министерството за правда на САД. Петрус на Бродвел ѝ открил тајни податоци поврзани со нападите на американскиот конзулат во Бенгази, Либија,...

Нигерија: Стотина убиени при офанзивата против Боко харам

Неколку стотини лица се убиени при воената операција на чадската армија во нигерискиот град Диква, кој претставува едно од главните упоришта на Боко харам. Еден чадски војник е убиен, а 34 се ранети, при повлекувањето на екстремистите, кои зад себе оставиле стотици мртви цивили, јавуваат...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...