fbpx

Во Бразил, 50 политичари осомничени за корупција

-

Врховниот суд на Бразил одобри да се почне истрага против десетици политичари поради нивна наводна вмешаност во корупциски скандал во државната нафтена компанија „Петробрас“.

Истражителите тврдат дека приватните фирми им плаќале на корумпираните функционери за да добијат доходовни договори со „Петробрас“, а станува збор за суми од повеќе милијарди долари.

Меѓу 54 лица обвинети за примање мито, се и еден поранешен претседател и претседавач на двата дома на Конгресот, пренесе „Би-Би-Си“.

Повеќето политичари опфатени со истрагата припаѓаат на владејачката коалиција.

Државниот обвинител на Бразил, Родриго Јанот, обвини многу влијателни политичари за примање мито, а на списокот се наоѓаат претседавачот на Сенатот, Ренан Калхејрос, претседавачот на претседателскиот дом, Едуардо Куња, поранешниот министер за енергетика, Едисон Лобао, и поранешниот претседател, Фернандо Колор де Мело.

Со истрагата се опфатени 22 конгресмени и 12 сенатори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...