fbpx

Денот на албанскиот учител одбележан во Тетово

-

Со откривање табла со името на новата гимназија „7 Март“, во училишниот објект во тетовската населба Дреновец, и со посета на основни и на средни училишта, министерот за образование Абдилаќим Адеми заедно со градоначалничката на Тетово, Теутa Арифи, го одбележа 7 Mарт – Денот на учителот.

Настава во новата гимназија „7 Mарт“ официјално ќе почне да се одвива од наредната учебна година. Во неа ќе учат дел од учениците кои следат настава на албански јазик, а во објектот на старата гимназија, ќе учат заедно ученици Албанци и Македонци.

Со ваквата поделба во два поголеми објекти, ќе се реши неколкугодишниот проблем со просторните услови со кои се соочуваа тетовските гимназијалци. Празникот „7 Март“ се одбележуваа од 1887 година, кога во албанскиот град Корча првпат почнала настава на албански јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.