Американските власти се подготвени да документираат корупциско обвинение против влијателниот американски сенатор Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, кој инсистираше на поостар став против иранската нуклеарна програма и руската интервенција во Украина.
Менендез е осомничен дека како член на комитетот за надворешни работи на Сенатот, ја користел неговата канцеларија за промовирање бизнис-интереси на донатор на Демократската партија во замена за подароци.
Судските власти соопштија дека обвинението се очекува да биде поведено во следниве недели. Портпаролот на Менендез рече дека акциите на сенаторот биле соодветни и законски и дека не може да одговара на анонимни обвинувања бидејќи официјалната истрага е во тек.