fbpx

Баби се грижат за стотици кучиња

-

Последните пет години, неколку постари жени од кинеската провинција Шанкси им ги посветиле на напуштените кучиња, пренесе „Петспортал“.

Овие жени со добри срца не знаат за одмор: секое утро стануваат околу 4 часот за да ги нахранат своите пријателчиња. Прифатилиштето е скромно, но во него никој не гладува, зашто сè што имаат, овие жени делат со кучињата, кои дневно јадат околу 400 килограми храна.

Сè почнало во 2009 година, кога 60-годишната Ванг Јанфаг, голема љубителка на животни, одлучила да им ги смени животите на напуштените кучиња што ги среќавала секој ден.

Приказната за местото полно со љубов, каде што има место за сите, ги воодушевила многу луѓе, па секогаш има некој што ќе донира средства за грижа за кучињата.

Една од жените признава дека кучињата не се секогаш мили, но дека тоа е сосема разбирливо ако се земе предвид што сè преживеале.

– Понекогаш ќе заработиме понекоја гребаница, дури и гризнување, но не е страшно. Тие се како наши деца и никогаш не би можеле да ги оставиме на цедило – вели Јанфаг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...