fbpx

Кери и Зариф продолжуваат да преговараат за иранската нуклеарна програма

-

Министрите за надворешни работи на Иран и на САД, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф, денеска ги продолжија преговорите за иранската нуклеарна програма, игнорирајќи ги вчерашните предупредувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се откажат од можната спогодба.

Трет ден по ред, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф се состануваат во хотел на брегот на Женевско Езеро во Швајцарија.

Американскиот државен секретар не го следел преносот од говорот на Нетанјаху за маратонските преговори додека се приближува 31 март – рок за постигнување спогодба, кој го поставија големите сили и Иран.

Кери попладнево ќе отпатува во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, но политичките директори на двете министерства и експертите ќе ги продолжат преговорите до крајот на неделава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...