Сојуз на борци: Прислушувањето покажува целосен распад на безбедносниот систем

-

Сојузот на борците на Македонија оцени дека Република Македонија ја доживува најголемата политичка криза од постоењето на слободната македонска држава.

„Обелоденетиот податок за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани (сеедно од кого било), е најголем удар на човековите права и слободи во земјава и укажува на целосен распад на безбедносниот систем на државата“, се вели во соопштението од седницата на главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945.

Сојузот на борците смета дека сега е најнеопходно насочување на сите општествени сили и творечка енергија во земјава за надминување на состојбите, примерно санкционирање на виновниците, реафирмирање на демократските вредности на правната држава и за понатамошен развој на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...