fbpx
Свет Свет Страница 268

Свет

ОН: 6.000 загинати во судирите во Украина

Повеќе од 6.000 луѓе загинаа во Украина од почетокот на судирите што почнаа минатата година, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин. Според податоците на Комисијата на ОН со седиште во Женева, повеќе од стотина цивили и припадници на војската загинаа во...

Уругвај: Новиот претседател најавува остри мерки против алкохолот

Новиот претседател на Уругвај, Табаре Васкез, најави остри мерки против алкохолот. - Ќе бидат засилена психолошката помош, превенцијата и сузбивањето на пушењето, наркоманијата и на алкохолизмот – рече Васкез по положувањето заклетва за петгодишниот претседателски мандат. Седумдесет и петгодишниот Васкез, лекар-онколог, еднаш веќе беше претседател, од...

САД: Снежното невреме предизвика хаос во авиосообраќајот

Повеќе од 1.600 летови се откажани од аеродромите на североистокот на САД поради снежната бура што го зафати овој дел од земјата. Како што јавуваат американските медиуми, поради невремето доцнеле 5.000 летови, а најпогодени се аеродромите во Њујорк и во Филаделфија. Ова е петта снежна бура што ги зафати САД,...

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени...

ОН: Во Ирак убиени 1.100 лица во февруари

Во Ирак, во текот на февруари, убиени се најмалку 1.100 Ирачани, од кои 600 се цивили, соопшти денеска мисијата на Обединети нации во таа земја. Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) соопштила дека помеѓу 1.103 убиени минатиот месец, 611 биле цивили, а останатите...

Зимска бура го погоди југозападот на САД

Во делови на Калифорнија вчера заврна снег, а задоцнетата зимска бура погоди и други делови од југозападот на САД. Во Сиера Невада, снегот почнал да паѓа во петокот вечерта, а скијачките центри известиле за снежна покривка во висина од 30 до 46 сантиметри на планините. До понеделник...

Поради ебола, во карантин потпретседателот на Сиера Леоне

Потпретседателот на Сиера Леоне, Семјуел Сем Сумана, одлучил да биде ставен под карантин откако неговиот телохранител починал од ебола. Според Светската здравствена организација (СЗО), од ебола починаа 9.589 лица, а заразени се 23.700 луѓе. Во Сиера Леоне досега починале 3.461 пациент, но има најмногу заразени,...

Доживотен затвор за лидерот на Муслиманското братство

Египетскиот суд го осуди врховниот лидер на Мислиманското братство, Мухамед Бади, на доживотен затвор и ја потврди претходно изречената смртна казна за четворица обвинети за убиство на демонстранти. По изречената пресуда, обвинетите најавија жалба. Бади, кој е веќе осуден на смрт по друго обвинение, е обивинет...

Две лица убиени во „Мекдоналдс“ во Торонто

Две лица се убиени од огнено оружје во ресторан за брза храна „Мекдоналдс“ во Торонто. Пред убиството се случила расправија пред шалтерот за служење храна, соопшти канадската полиција. Двајца мажи, на возраст од 25 и од 40 години, почнале да се расправаат со еден клиент...

Египетски суд го прогласи Хамас за терористичка организација

Египетски суд денеска ја прогласи палестинската организација Хамас, која го контролира појасот Газа, за терористичка организација. Пресудата ја донел египетскиот Суд за итни постапки, со кој претседава судијата Мохамед ел-Сајед. Египетскиот суд минатиот месец го забрани дејствувањето на военото крило на Хамас, бригадата Изедин ал-Касам,...

Курдските борци освоија клучно место на ИД

Курдските борци остварија важна победа против Исламска држава, освојувајќи го нејзиното клучно седиште во североисточната сириска провинција Хасакех, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон. На курдските сили во освојувањето на Тал Хамис им помогнаа и арапските борци, а припадниците на ИД не пружиле поголем...

Три земјотреси во Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападот на Пакистан. Како што јавуваат локалните медиуми, девет лица се повредени и причинета е помала материјална штета. Земјотресот имал епицентар 37 километри северно од Мансер, во провинцијата Хајбер Пахтунва, на длабочина од 28 километри,...

ИД киднапираше 220 христијани во Сирија

Најмалку 220 луѓе од христијанско село во североисточниот дел на Сирија биле киднапирани од џихадистити на Исламската држава, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Киднапирањата се случиле откако џихадистите зазеле десетина села во кои живеат христијани, а според податоците на Мрежата за човекови права во Шведска,...

ФБИ нуди три милиони долари за руски хакер

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Стејт департментот нудат три милиони долари награда за корисна информација за рускиот хакер Евгениј Богачев. ФБИ се сомнева дека тој се сокрил во Русија пред американското обвинение за организирање мрежа хакерски напади, со кои од банкарските сметки собрал повеќе...

Авганистан: 28 загинати во лавина

Најмалку 28 лица загинаа во Авганистан во лавина предизвикана од обилни снежни врнежи, а се очекува бројот на жртвите дополнително да се зголеми, соопштија локалните власти. Поголем дел од жртвите го загубиле животот во провинцијата Пањсир, северно од главниот град Кабул, каде поради непрестајните снежни...

Багдад: 37 загинати во седум бомбашки напади

Најмалку 37 лица загинаа во серијата бомбашки напади изведени во центарот и во околината на Багдад, главниот град на Ирак, јавуваат светските медиуми. Две бомби експлодирале во квартот Џиср Дијала, при што загинале 24 лица. Претходно, во северните и во јужните делови на градот, биле...

Нигерија: 27 загинати при два самоубиствени напади

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот нигериски град Потискум. Како што јавуваат локалните медиуми, при првиот напад, извршен од жена-самоубиец, загинале 17 луѓе, а повеќе од 50 се повредени. Втората експлозија се случила неколку часа...

Лос Анџелес: 30 повредени при судир на воз и на камион

Најмалку 30 лица се повредени денеска откако воз удри во камион кој преминувал преку пруга во близина на Лос Анџелес. Несреќата се случила околу 5.45 часот наутро по локално време, во близина на Окснард, околу 200 километри северозападно од Лос Анџелес. Како што јавува „Си-Ен-Ен“, властите го...

Протест на машките здолништа во Турција

На познатата трговска истанбулска улица Истиклал, една група млади мажи се облекоа во здолништа и излегоа  за да протестираат против сè позачестеното насилство врз жените во Турција. Директен мотив за протестот беше убиството што се случи пред една недела, на младата студентка Озгечан Аслан, на југот...

Експлозија на цистерна со гориво во САД

Цистерна со 34.000 литри гориво експлодирала на автопат во јужниот дел на Њу Џерси, САД. Американските медиуми пренесуваат дека цистерната од непознати причини се превртела, по што горивото се запалило и предизвикало експлозија. Возачот на камионот успеал да излезе од кабината пред да се случи екплозијата. Инцидентот...