fbpx

Две лица убиени во „Мекдоналдс“ во Торонто

-

Две лица се убиени од огнено оружје во ресторан за брза храна „Мекдоналдс“ во Торонто. Пред убиството се случила расправија пред шалтерот за служење храна, соопшти канадската полиција.

Двајца мажи, на возраст од 25 и од 40 години, почнале да се расправаат со еден клиент кој со себе имал огнено оружје. По настаната тепачка, клиентот со оружјето стрелал и ги убил двајцата мажи.

Полицијата наведе дека откако ќе ги прегледа безбедносните камери, ќе го утврди степенот на одговорност на убиецот, кој е повреден во тепачката и пренесен во болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за...