fbpx

Курдските борци освоија клучно место на ИД

-

Курдските борци остварија важна победа против Исламска држава, освојувајќи го нејзиното клучно седиште во североисточната сириска провинција Хасакех, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон.

На курдските сили во освојувањето на Тал Хамис им помогнаа и арапските борци, а припадниците на ИД не пружиле поголем отпор. По освојувањето на Тал Хамис, Курдите ги запалиле куќите на припадниците на ИД и на нивните помошници.

Курдите сега го држат појасот што го поврзува Тал Хамис со ирачката граница, со што им го попречуваат движењето на џихадистите.

Пред да го освојат Тал Хамис, курдските борци во повеќедневни борби освоиле 103 села во околината, при што погинале најмалку 175 борци на ИД. Помеѓу Курдите и нивние арапски помагатели погинале 30 борци.

Претходно, припадниците на ИД извршиле офанзива во провинцијата Хасакех, во која освоиле 10 села и извршиле егзодус на 5.000 локални жители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.