fbpx

Конаците на црквата „Св. Богородица Заумска“ ги ставија партиитево клинч

-

Црквата „Св. Богородица Заумска“, на источниот брег од Охридско Езеро, во близина на селото Трпејца, наскоро ќе добие конаци. Изградбата е веќе во поодмината фаза, меѓутоа откако беше ставен покривот, се јавија различни мислења. Црквата вели дека не гради ништо ново и на туѓ посед, локалната самоуправа не знаела дали за градбата се добиени сите потребни дозволи и отпосле ќе истражува, а Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид се огласи дека објектот се гради без дозвола, односно без одобрение за градба.

Во клинч влегоа и политичките партии. СДСМ е против, додека неговиот коалициски партнер во Советот, ВМРО – НП на Љубчо Георгиевски, ја подржува изградбата поради демохристијански стојалишта.
Пред неколку години, на црквата која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра во земјата, беа преземени и интервенции за конзервација на покривот и на покривната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот Завод и Музеј, се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис.

Советничката група на СДСМ до градоначалникот Никола Бакрачески писмено достави советничко прашање околу изградбата на објектот во месноста Заум, веднаш до црквата.
– Иако според законските прописи, овој дел од нашето природно наследство претставува заштитен дел од Националниот парк „Галичица“, наводно се работи за денационализиран имот на Црквата. Овој бисер од нашето природно, културно и историско наследство, на овој начин се обезличува, се узурпира и се комерцијализира. Со оглед на местоположбата, се работи за ДУП надвор од населено место и во планот таква или слична градба не постои. Исто така, и од Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид се огласија дека објектот се гради без дозвола, односно без одобрение за градба. Дали, како што беше случајот со Плаошник, и овде се работи за непринципиелен, штетен и премолчан договор на МПЦ со државата? – прашуваат од општинската организација на СДСМ.

СДСМ забележува затоа што надлежните општински инспекциски органи, во соработка со надлежните државни институции, не реагирале благовремено да ја запрат израдбата на непланската градба.

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, вели дека надлежните инспекциски служби добиле налог да излезат на терен и да ја утврдат состојбата околу објектот кој се гради во Заум, односно дали за неговата израдба се добиени потребните дозволи. Спасески рече дека тоа ќе го утврди инспекцијата и ќе се постапи во согласност со законот.

Се огласи и ВМРО–НП, но за разлика од својот локален колаициски партнер, со поддршка, од демохристијански побуди за возобновувањето на конаците на црквата.
-ВМРО–НП ја поддржува МПЦ во ширењето на сè што е христијанско. Сметаме дека тоа што таа ги возобновува конаците кои некогаш постоеле на тоа место е подобро отколку атрактивните места да ги зема некој политички моќник или наводни странски инвеститори скриени во маската на светски измамници како што беше примерот со Субрата Рој – соопштија од партијата.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...