„Ајде“ со протест побара МРТ да им се врати на граѓаните

-

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, седнати на столчиња, одржаа протестен перформанс пред зградата на МРТ и ја побараа назад кај граѓаните. Тие јавно ѝ порачаа на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин пропаганден мегафон.

На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, говореа новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова.

Новинарот Зоран Бојаровски рече дека МРТ треба да известува вистинито, целосно, непристрастно, праведно и навремено, а го прави сосема спротивното. Тој го прочита статутот на МРТ кој вели дека јавниот радиодифузер е на сите граѓани на Македонија.

– Во име на вистината, овој медиумски храм треба да обезбеди јавен дијалог, арена за широка дебата, за прашања од јавен интересен и да не застапува интереси на одредена политичка партија. Ова што досега го прави МРТ е сосема спротивно на она што го пишува во нејзиниот статут. Ги повикувам моите колеги од МРТ да излезат од корупките во кои се ставени, да се осмелат, да погледнат со отворени очи во нивниот статут и да го вратат суверенитетот што им припаѓа на новинарите, кои известуваат во име на вистината, слободно, целосно, без да припаѓаат на ниту еден центар на моќ – рече Бојаровски.

Новинарката Сашка Цветковска рече дека луѓето од МРТ заборавиле дека државата не е партијата и дека нивни единствени газди се граѓаните.
– А ние, во согласност со законот, бараме од нив да ги почитуваат универзалните принципи на професијата новинар, кои се дел од сите етички кодекси во редакциите низ светот. Затоа ги основавме и за тоа постојат. Ако не се пронаоѓаат во тој повик, во таа благородна мисија, нека бидат чесни и нека си заминат – рече Цветковска.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...